По скандалот со Левандовски: Селекторот на Полска си поднесе оставка!

June 12, 2025
1 min read

Полската репрезентација од денеска и официјално е без селектор. Имено по сите оние случувања поврзани со Роберт Левандовски, Михал Пробиеж одлучи да си замине од функцијата – селектор на најдобрата репрезентација на Полска.

Да потсетиме дека пред неколку дена, Левандовски јавно кажа дека се додека е Пробиеж селектор тој нема да игра за репрезентацијата.

“–Дојдов до заклучок дека во сегашната ситуација, најдобрата одлука за доброто на националниот тим ќе биде мојата оставка од селекторската позиција. Вршењето на оваа функција беше исполнување на моите професионални соништа и најголема чест во мојот живот. – Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги, вработени во Полскиот фудбалски сојуз. Секогаш можев да сметам на вас. Ви благодарам што им верувавте на претседателот и на одборот на Полскиот фудбалски сојуз. Секако, сакам да им се заблагодарам на сите фудбалери, кои имав задоволство да ги сретнам на овој пат. Ќе ги држам палците вкрстени за сите вас, бидејќи репрезентацијата е наш заеднички национален капитал. Исто така, сакам да им се заблагодарам на нашите прекрасни навивачи. Вие сте со нас во добро и во лошо. Каде и да играше репрезентацијата, вашата поддршка беше слушната“ се вели во соопштението на Пробиеж.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел планира да го нападне Иран, тврдат американските медиуми

Следно

Игуменот Георгиј избран за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Latest from Blog

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини
Go toTop