По пресудата на МСП Нетанјаху ја потврди „светата посветеност“ на одбраната на Израел

January 26, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Коментирајќи ја денешната одлука на Меѓународниот суд на правдата (МСП) по тужбата на Јужноафриканската Република против Израел за геноцид, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја потврди „светата посветеност“ да продолжат да ја бранат својата земја и својот народ, јавува Анадолу.

„Посветеноста на Израел кон меѓународното право е непоколеблива. Подеднакво непоколеблива е и нашата света посветеност да продолжиме да ја браниме нашата земја и да го браниме нашиот народ“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање откако МСП му нареди на Израел да ги преземе „сите мерки во негова моќ“ за да спречи дела на геноцид во Појасот Газа, каде што Тел Авив уби повеќе од 26.000 луѓе и ја претвори енклавата во рушевини.

Нетанјаху истакна дека Израел има „инхерентно право да се брани“, додавајќи дека „подлиот обид да му се ускрати на Израел ова основно право е очигледна дискриминација на еврејската држава, и дека оправдано е одбиен.“

Тој рече дека тужбата подигната против Израел за геноцид е „лажна“ и „нечуена“, повторувајќи дека „Израел ќе продолжи да се брани од Хамас“.

Истакна дека војната, која започна по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, е против групата, а не против палестинските цивили.

„Ќе продолжиме да обезбедуваме хуманитарна помош и ќе правиме сè што е во наша моќ за да ги држиме цивилите надвор од опасност, дури и додека Хамас ги користи како жив штит“, рече Нетанјаху и додаде:

„Ќе продолжиме да го правиме она што е неопходно за одбрана на нашата земја и нашиот народ.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ХРВАТСКА НА НОЗЕ: Не остана имун на случајот со Северина, „тоа дете до сега сигурно полудело“, еве што најави дека ќе промени во земјата

Следно

Туркије: Самовилските оџаци Нарман во Ерзурум покриени со „бела покривка“

Latest from Blog

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,

Божиновска алармира: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат 57 години – жените во енергетиката ни се потребни денес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на

Млекара доминира со блок-трансакција, берзата стабилна со минимален пад на МБИ10 од 0.03%

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје, врз основа на официјални податоци од Македонска берза На берзанската сесија од 9 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,03% и ја заврши

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од
Go toTop