По повод Меѓународниот ден на Бошњаците вицепремиерот и министер Стоилковиќ се сретна со просветни работници кои предаваат на босански јазик

September 27, 2024
1 min read

Потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, се сретна со група просветни работници од земјава, кои предаваат на босански јазик. На средбата присуствуваа и директорот на Управата за унапредување на образованието на јазиците на заедниците Мирослав Тричковиќ и советникот за босански јазик при Управата Исмаил Демировиќ.

Средбата се одржа во конструктивна атмосфера, а беа разменети мислења и ставови за актуелните состојби кои се однесуваат на етничките заедници во земјава, со фокус на подобрување на нивната положба и ширење на мултиетничкиот дух.

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ упатувајќи пригодна честитка до сите Бошњаци кои живеат во земјава вети дека ќе се потруди во идинина, а согласно средствата со кои ќе располага Министерството за односи меѓу заедниците во Буџетот за 2025 година, и тие, како и сите етнички заедници да имаат рамноправен пристап до нив.

„Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, овде живееме сите и затоа во мене, пред сѐ, ќе имате секогаш пријател“, рече Стоилковиќ, уште еднаш потенцирајќи оти се надева на добра соработка.

Изразувајќи го огромното задоволство што од постоењето на Министерството ова е прва средба со претставници на бошњачката заедница, просветните работници ветија дека преку лилјанот како национален симбол на Бошњаците и Правописниот прирачник на босански, хрватски и српски јазик со основи на граматика заеднички ќе се заложат културата на помалите етнички заедници да се издигне на повисоко ниво.

Соговорниците на крајот од средбата се согласија дека ова е само прв чекор, со единствена цел унапредување на положбата на помалите заедници кон подобри резултати и нови, идни планови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче им честита на ВМРО-ДПМНЕ за единствените два проекти, враќањето на Ќосето и оградата пред Владата

Следно

Димитриеска Кочоска – Варга: Унгарија е наш силен европски партнер, поддршка за економски напредок и европската иднина, ќе се користи искуството во реализација на реформите

Latest from Blog

Пакистан и Кина го претставија мировниот план за Блискиот исток во пет точки

Кина и Пакистан објавија план од пет точки за „враќање на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“. Планот произлезе од денешниот состанок на министрите за надворешни работи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој ќе понесе одговорност за работењето на СЈО?

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција упати серија обвинувања кон поранешни обвинители поврзани со поранешното Специјално јавно обвинителство, повикувајќи ги, како што наведуваат, да се соочат со сопствената одговорност пред да реагираат за најавеното

„Пред да се навредат обвинителите на Заев како Ленче Ристоска што им се одземаат предмети нека помислат дали треба и кривично да одговараат за кражба на народни пари преку СЈО“

Пред да се навредат обвинителите на Зоран Заев на чело со Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова и останатите платеници за политички прогон, што е најавено одземање на предметите на кои работат,
Go toTop