По последните тензии меѓу Белград и Приштина, Рама повика да се почека истрагата на КФОР

June 14, 2023
1 min read

Рама одговори на критиките дека официјална Тирана не реагирала за случајот со тројцата косовски полицајци и побара да се почека својот збор да го каже и КФОР

Албанскиот премиер Еди Рама повика на итна деескалација на тензии меѓу Белград и Приштина откако денеска тројца припадници на косовската полиција беа уапсени од страна на српските безбедносни служби.

Рама повика да се почека реакција од КФОР кој го истражува случајот.

„Го чекаме зборот на КФОР кој го истражува случајот и стоиме на ставот за итна деескалација“,

нагласи Рама.

Тој реакцијата ја објави на социјалните мрежи каде всушност одговори на критиките дека официјална Тирана не реагирала.

„Кој вели дека молчиме или кој сака да долее масло на огнот со обвинувања додека КФОР го истражува случајот – не му е грижа за Косово или Албанија, туку само за изгубената политичка војна против мене“,

вели Рама.

За случајот со косовските полицајци има две спротивставени верзии. Приштина тврди дека тие биле киднапирани од војската на Србија на косовска територија близу државната граница, а Белград уверува дека косовските полицајци навлегле во територијата на централна Србија и затоа биле уапсени од полицијата, а не од војската.

*Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Државен погреб за Силвио Берлускони во Милано

Следно

(ФОТО) Пукање во Приштина: Едно лице е убиено, телото пронајдено во автомобил

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Дивите депонии околу гробиштата се отстранети

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно апелира до граѓаните да не исфрлаат отпад околу оградниот ѕид на Старите градски гробишта. И покрај редовните молби и известувања, купишта отпад продолжуваат да се оставаат на

Бизнисменот Главчев пријавил тројца обвинители од СЈО – за барање поткуп

По окончување на судскиот случај „Поштенска банка“ во полза на обвинетите во 2024 година, како што пишува порталот ПлусИнфо еден од нив, гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев, во јануари годинава, поднел кривична пријава против поранешните

„Марив“: Израел врши притисок врз САД за копнена операција врз Иран

Весникот наведува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите советници се за воена ескалација, оценувајќи оти евентуален договор во оваа фаза претставува „јасна победа на Иран“. Неименуван израелски безбедносен извор тврди дека

Мицкоски утре на поставување на камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2”

Утре, 02.04.2026 година (четврток), во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на поставување на камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2” на граничниот
Go toTop