По најновиот пораз на ФК Вардар, Комитите со директна порака: Миленко оди си!

September 1, 2024
2 mins read

Поразот на ФК Вардар на домашен терен против Воска Спорт (1:3) ја прели чашата. Тоа што беше порака од минатата недела „Рибата смрди од главата – Последна опомена“, вчера на трибината Комитите ја артикулираа со директно именување на „виновникот“ за катастрофалниот старт на клубот во новата сезона и последното место на табелата.

Навивачите на Вардар и на овој натпревар против Воска Спорт на играчите им дадоа максимална поддршка од трибините, направија одлична атмосфера, но на теренот фудбалерите, за жал, не возвратија со својата игра.

„Миленко оди си“, „Управа оди си… Наш е Вардар и наш ќе остане!“, се најновите пораки од трибината на Комитите, а нивниот револт започнал да расте уште за време на натпреварот, пренесоа спортските медиуми.

Од скандирањата на „Комитите“, кои многу бргу преку видеа се раширија на социјалните мрежи, е сосема јасно дека тие за состојбата во која сега е Вардар вината ја лоцираат во Миленко Неделковски како неофицијален извршен директор на клубот, кој го презеде раководењето со клубот, иако досега официјално не е претставен пред јавноста, како што доликува на еден трофеен клуб.

Реакциите од трибините со голема брзина се проширија и во написите на спортските портали и на социјалните мрежи уште додека траеше натпреварот, бидејќи беше сосема извесен најновиот пораз на Вардар. „Комити удрија по управата, Градски ечи, се бараат оставки!“, „Комити не простуваат: Вардар губи 3:0 на градски – се бара оставка од Миленко Неделковски“, „Ново комитско шоу: Управа оди си… наш е Вардар и наш ќе остане!“, „ Комитите го бркаа Миленко Неделковски, реагираше и полицијата на натпреварот Вардар-Воска спорт“, се само дел од насловите.

Слични, па дури и поостри реакции има и на социјалните мрежи. Искрените и загрижени навивачи, поддржувачи и вљубеници во спортот напишаа: „Вардар е далеку од европските најави на новите раководни структури“, „На цел труд на сите околу клубот, на навивачите, на крај да го помножите сето тоа со една голема нула?“, „Многу се сликаа зад логото на Вардар како спасители, на крај изгледа Вардар последен ќе се слика“, „Пред неколку години во Вардар немаше ниту јаки спонзори, ниту финансии, ниту редовни плати, ниту Градски стадион. Но, имаше дух, отчет и борба на играчите до последна топка“.

Очигледно е дека за Комитите и спортската јавност во Македонија, која со огромна скепса и негодување ја прифати информацијата дека на чело на клубот е Миленко Неделковски, разочарувањето дојде многу побргу отколку што се очекуваше и еуфоријата дека со новата управа и спонзор пукна како балон и, како што се гледа, бргу премина во гнев.

Рекоа дека е тешко да се поверува, но некои наши соговорници на оваа тема за која пишуваше Рацин.мк, предупредија дека на Комитите „помил им е Вардар, отколку ВМРО-ДПМНЕ“ и дека изборот на Миленко Неделковски за прв човек на Вардар ги изневери нивните очекувања и надежи дека ќе го видат „клубот на народот“ повторно на врвот и со отворен пат кон фудбалска Европа.

Сега истите фановите на Вардар, како што се ФК Вардар – еден живот, една љубов пишуваат дека гледаат „на дело демонстрација како партија со поставување на луѓе како Миленко во клубот успеа да заебе проект кои се градеше 3 години“. „Вака ли ‘македонската’ ВМРО му помага на Вардар сега кога е на власт?!“, прашуваат навивачите.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Зголемена фреквенција на возила на „Табановце“ и „Богородица“- ова е состојбата на патиштата низ Македонија

Следно

Бисера Антоанета платила 3.000 евра за авионски карти за Дубаи, не заминала на патување, а не го откажала и парите пропаднале

Latest from Blog

ФИФА ќе им исплати 355 милиони долари на клубовите кои имаат репрезентативци во квалификациите за СП 2026

ФОТО: FIFA.COM Секој клуб што има свои играчи во националните тимови за квалификациските натпревари и за Светското првенство ќе добие финансиска компензација од фонд вреден 355 милиони долари, што е дел од

Авион се урна во Бразил, во него пронајдени 200 килограми кокаин спакуван во пакети со лого на „Space X“

Австралиски пилот загина откако неговиот авион, кој превезувал речиси 200 килограми кокаин спакуван во лажна амбалажа на SpaceX, се урна во поле со шеќерна трска во Бразил. Властите објавија дека пилотот бил

Стаменкоска Трајкоска: Блискоста со граѓаните ми дава дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои следат

Вечерва кандидатката за градоначалник на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, беше во матичниот штаб на месниот комитет во населбата Драчево каде се одржа средба со присутните. На средбата присуствуваа и претседателката на
Go toTop