По изгласаната интерпелација, Владата очекува оставка од републичкиот обвинител!

July 30, 2025
1 min read

По вчерашното изгласување на интерпелација за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски тој денеска не се огласи со став за изгласаната недоверба и за тоа како ќе постапи. Иако самата интерпелација не значи и негова смена, од Владата очекуваат тој да си поднесе оставка. Засега нема став за тоа дали доколку Коцевски не поднесе оставка ќе ја активираат иницијативата за негово разрешување покрената уште во февруари годинава.

„Јасна беше волјата на пратениците и пораката која вчера ја испрати Собранието. Тоа е силен институционален сигнал кој не може и не смее да биде игнориран. Очекуваме државниот јавен обвинител да постапи морално и да поднесе оставка. Тоа би било одговорен и достоинствен чин, во интерес на правдата и довербата на граѓаните. Во исто време вчерашниот исход ја потврди и неоснованоста на тезите што со месеци беа пласирани од опозициските партии за наводна спрега помеѓу Владата и Обвинителството. Тие тези паднаа во вода. Оваа Влада не калкулира со правдата“, вели Влада.

Со сличен став излегоа и од ВМРО-ДПМНЕ од каде посочуваат дека на Македонија и е потребно Обвинителство отпорно на политички влијанија и го повикаа Коцевски да си поднесе оставка. Од партијата обвинуваат дека СДСМ и ДУИ го штитат Коцевски, а за возврат тој ги штител нив.

„Го повикуваме Коцевски да покаже грам доблест и да не чека ниту час, туку веднаш да ја прими пораката на Собранието и волјата на народот преку гласањето во Собранието и да си поднесе оставка. Секое понатамошно седење на функцијата спонзорирано од СДС и ДУИ ќе му го руши и онака слабиот углед и целосно ќе го стави во функција на измеќар и метлар на мафијата“, вели Бране Петрушевски.

Очигледно е дека Мицкоски сака обвинител под негова контрола и ова е обид за враќање на „тефтерчето“ и селективната правда, вратија од СДСМ.

„Мицкоски не сака правда, туку контролирано Обвинителство по партиска нарачка на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски сака упад во правосудниот систем. Во сето ова Левица срамно се стави во функција на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што наводно се залага за правда, помага во инсталирање партиски обвинител. СДСМ најостро се спротивставува на обидите за партиска окупација на обвинителството“, велат од СДСМ.

Интерпелацијата на Коцевски ја поднесе Левица во која наведоа дека тој треба да замине од позицијата државен обвинител поради нефункционалност и политички влијанија. Коцевски претходно во писмен одговор кој го достави до Собранието напиша дека функцијата ја врши чесно и одговорно а дека интерпелацијата е незаконска и е упад во правосудниот систем. Тој ги отфрли обвинувањата дека имал било какви влијанија од политичките партии.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦИВИЛ: Либерализацијата на продажбата на муниција за цивилни поседувачи на оружје – опасна за безбедноста и за меѓународната положба на Северна Македонија

Следно

СЗО прати 10 камиони со медицинска помош во Газа поради зголемените здравствени потреби

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни
Go toTop