По хуманитарната пауза, во израелските напади во Газа животот го изгубија 70 Палестинци

December 1, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – По завршувањето на хуманитарната пауза, во израелските напади врз Појасот Газа загинаа 70 Палестинци, соопшти Министерството за здравство во Газа, јавува Анадолу.

Портпаролот на Министерството Ашраф ал Кудра изјави дека израелските напади врз Газа продолжуваат.

Тој потврди дека од утринава се убиени 70 лица.

Хуманитарната пауза меѓу Израел и Хамас, што стапи на сила на 24 ноември, заврши утринава.

Најмалку 70 Палестинци загинаа, а десетици се повредени откако Израел продолжи со нападите утрово во различни области на Појасот Газа.

Според податоците на Владата во Газа, бројот на загинати Палестинци во израелските напади во Појасот Газа од 7 октомври надмина 15.000, меѓу кои повеќе од 6.150 се деца, а над 4.000 се жени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски: Набавката на нова опрема за следење комуникациии не е на МВР, се следат разговорите само оние за кои има судска наредба

Следно

Претседателот на БДС Мунир Колашинац се сретна со министерот за надворешни работи на БиХ Елмедин Конаковиќ

Latest from Blog

Омерагиќ го претстави Седлоски како нов селектор на Македонија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека новиот селектор на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, е вистинскиот избор за оваа позиција. „Баравме човек со ‘фајтерски’ карактер, го добивме во Седлоски,

Тасев: Ахмети се заканува и ги испомеша орлите со лавовите, а всушност треба да го прифати изборниот пораз

Али Ахмети повторно се обидува да се заканува. На неделниот когрес ги извади истите, одамна потрошени трикови. Со говор полн со закани, митологија и самовеличење се обиде да нe убеди дека сe

Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка

Несреќата се случи на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија (САД), откако Зампела ја изгубил контролата врз своето „Ферари“, пишува „Ен-би-си Лос Анџелес“ (NBC Los Angeles). Според извештајот на Калифорниската полиција несреќата
Go toTop