По долго време: Се открива уште едно скриено богатство на Стоби – мозаик во Куќата на Партениј

April 3, 2026
1 min read

По подолго време, на археолошкиот локалитет Стоби повторно е откриено уште едно скриено богатство.

Како што наведуваат од локалитетот на нивната Фејсбук страница, во Куќата на Партениј, пред посетителите повторно се отвора мозаик што со години бил недостапен за јавноста.

-Оваа ретка можност нè враќа во доцноантичко Стоби, каде уметноста и секојдневието се испреплетуваат во камен и боја. На фотографиите можете да го видите моментот кога мозаикот се буди од својот зимски сон, повторно откривајќи ни ја својата убавина, наведуваат од локалитетот.

Тие ги повикуваат посетителите да дојдат и да го посетат локалитетот и да го видат тоа богатство.

-Дојдете во Стоби, и откријте дел од приказната што долго време била скриена, сега повторно оживеана пред вашите очи!, се наведува на Фејсбук страницата на археолошкиот локалитет Стоби. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стафилов: После арсенот, шестовалетниот хром е на листа на Меѓународната агенција како предизвикувач на рак

Следно

Спасен еден од пилотите на соборениот американски авион Ф-35 над Иран

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop