По деветмесечно одложување астронаутите на НАСА се враќаат дома

March 18, 2025
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Двајца астронаути на НАСА и членовите на нивниот екипаж рано утринава го започнаа своето долгоочекувано враќање на Земјата откако поминаа повеќе од девет месеци на Меѓународната вселенска станица, значително подолго од првично планираното, јавува Анадолу.

НАСА објави дека астронаутите Буч Вилмор и Суни Вилијамс се одвоиле од вселенската станица во 01:05 часот по локално време со капсулата Драгон на СпејсИкс, заедно со астронаутот на НАСА, Ник Хејг и рускиот космонаут Александар Горбунов.

Очекувано е нивното патување до Земјата да трае околу 17 часа пред спуштањето.

Вилмор и Вилијамс беа испратени на Меѓународната вселенска станица во јуни 2024 година како дел од првиот пробен лет на „Боинг“ со екипаж на неговото вселенско летало Старлајнер, мисија што првично требаше да трае само неколку дена.

Сепак, техничките проблеми со Старлајнер го продолжи нивниот престој на неодредено време, принудувајќи ги да останат на станицата повеќе од 280 дена.

И покрај неочекуваното одложување, НАСА ги интегрираше во Експедицијата 72, што им овозможи да придонесат во научните истражувања, одржувањето на станицата и извршувањето вселенски прошетки.

Вилијамс постави нов рекорд за кумулативно време на вселенска прошетка за жени.

Нов четиричлен екипаж пристигна на ММС во неделата, со што беа создадени услови за враќање на Вилмор и Вилијамс.

Продолжениот престој на астронаутите предизвика и политички дебати во САД, при што американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини администрацијата на Бајден за занемарување на астронаутите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР: Сите собирања и протести да се одржат во мирна атмосфера

Следно

Туркије ги осуди нападите на Израел врз Газа, повика на глобално дејствување

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop