Фудбалската федерација на Македонија преку социјалните мрежи го најави новиот дрес на македонската репрезентација, со кој националниот тим ќе настапи во претстојните плеј-оф натпревари за Светското првенство.

Во објавата на Фудбалска федерација на Македонија се потенцира дека по подолг период, во фокус повторно се враќа препознатливата жолта боја – симбол што, како што наведуваат, не е само избор, туку и чувство за навивачите.

„По деценија тишина – повторно во жолто. Боја што не е само избор, туку чувство. Боја што ја баравте. И ја враќаме – заедно“, стои во пораката на федерацијата.
Од ФФМ информираат дека новиот дрес е изработен во соработка со спортскиот бренд Adidas и ќе биде дел од новиот визуелен идентитет на репрезентацијата во клучните квалификациски дуели.
Со оваа промена, федерацијата испраќа силна порака за обединување и поддршка на националниот тим, а навивачите веќе со ентузијазам ја поздравуваат одлуката за враќање на жолтата боја како дел од традицијата.
Извор: zurnal.mk


