По 25 часа СДС се јави: Ги разбуди кој друг, ако не џебот?

March 16, 2026
1 min read

По цели 25 часа од последното, вчерашно соопштение СДС се јави. На лукративните политиканти  не им успеја глумењето доблест и наводен молк и сочувство заради годишнината од кочанската мега трагедија. Она, кога за жал, вистинското лице излегува на виделина. Едноставно, не можеа да издржат до утре.

Сите други партии денеска молчат заради почит кон починатите 63 ангели во Кочани, но не и СДС на Венко.

Не можеа да се победат себеси и да пропуштат да„поентираат“, па како оси на мед удрија по последната одлука на РКЕ за зголемување на цената на дизелот и бензините.

Само за потсетување, во 2022-та, цената на дизелот беше 107,5 денари, не 92. Без војна во Иран.

Можат да продадат име, знаме, територијална организација, двојазичност, да затвораат патриоти без причина, да злоупотребуваат туѓи, црни судбини и око да не им трепне, ама бензините при најниската цена на Балканот и пошироко, е тоа не можат да го простат ајваните од Бихаќка. Тоа ги боли. Само тоа. Џебот. Ауди А8 (демек продадено) на Венко и „Бемвето“ на Заев трошат по 20 литра, факт…

И, замислете, еве како „поентираше“ СДС, душегрижничка партија која единствено како и секогаш ја боли само џебот. Кој го полни на сметка на граѓаните, 35 години по ред.

„Пред една недела претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди 3 клучни мерки за намалување на цените на горивата и спас на стандардот на граѓаните од поскапувањата“, срочија експертите за економија, но не и за човечност од СДС на ден кога сите партии громогласно и доблесно молчеа, почитувајќи го споменот на 63 ангели.

 

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Психологот Стојанова: Процесот на закрепнување на повредените од Кочани е тежок и бавен

Следно

Израел го нападна Институтот за истражување на вселената во Техеран

Latest from Blog

Израел го нападна Институтот за истражување на вселената во Техеран

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека е уништена зградата во Техеран во која се „развиваше воено-вселенска програма“, вклучително и сателитот „Шарман 1“, што беше лансиран во 2024 година. На социјалните медиуми објавени

Психологот Стојанова: Процесот на закрепнување на повредените од Кочани е тежок и бавен

Девет психолози од Кочани, Охрид и Скопје веќе една година работат со повредените и родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани. Во Центарот за ментално здравје секојдневно преку работилници и разговори,

Божиновска: Ваучери до 28.000 денари за 4.070 ранливи домаќинства за инвертер клими

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска информираше дека се објавени списоците на граѓани кои добиле право на ваучер за купување и вградување инвертер клима уред, како дел од мерките
Go toTop