ПМФЛ: Вардар и Шкендија ремизираа на отворањето на 24 коло

March 14, 2025
1 min read

Без победник заврши попладнево дербито меѓу Вардар и Шкендија, кои ремизираа 1-1 во воведниот натпревар од 24 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

На дуелот одигран на ФФМ тренинг комплексот „Петар Милошевски“, гостите од Тетово дојдоа во водство во 22 минута преку Рамадани, а само три минути подоцна Вардар израмни со голот на Спахиу.

Шкендија е лидер на табелата со 50 бодови, додека Вардар е осмопласиран со 22 бодови.

Преостанатите пет натпревари од 24 коло се на програмата утре со почеток во 15 часот, а се среќаваат Брера Струмица – Силекс, Беса – Струга, Шкупи Пелистер, Тиквеш – Гостивар и Воска – Работнички.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лидерот на Либералната партија, Марк Карни, положи заклетва како 24-ти премиер на Канада

Следно

Турска компанија разви нов симулатор за медицинска обука

Latest from Blog

Go toTop