Планинарите ќе уживаат побрзо и посигурно со новото јаже на Пелистер

September 22, 2025
1 min read

Битола, 22 септември 2025 – На планината Пелистер е поставено ново челично јаже со должина од 90 метри на патеката Камењар (Rocky Trail), кое опфаќа повеќе делови од патеката од Видиковец (2.000 метри надморска височина) до врвот Стив (2.468 метри).

Од Националниот парк „Пелистер“ соопштија дека со поставувањето на јажето значително се зголемува безбедноста и се забрзува движењето на планинарите.

Камењар е една од најживописните и најубавите патеки во Македонија. Стартната точка е паркингот пред хотелот „Молика“ (1.430 мнв), потоа продолжува до Копанки, па по североисточниот и северниот раб на Баба Планина преку врвот Стив и Илинден (2.540 мнв), се стигнува до врвот Пелистер (2.601 мнв).

 

Во текот на искачувањето се отвораат импресивни погледи: на југ и запад се гледа Преспанското Езеро и делови од Грција сѐ до Олимп и Албанија, на север Солунска Глава, а на исток, во поволни временски услови, погледот позади врвот Кајмакчалан се протега до Рила и Пирин во Бугарија.

Патеката е долга осум километри и се совладува висинска разлика од 1.210 метри.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БРАКО испорача 50 специјализирани возила за чистење во Ријад

Следно

Коњановски: Продолжуваме со инфраструктурни проекти за Битола каква што ја сакаме

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop