Пискотници се слушаат од Атина до Брисел

December 18, 2025
2 mins read

Грците разочарани што наметнатото име со индолентниот Договор од Нивици се користи само за надворешна употреба и во пишана кореспонденција. Дури и во странство македонските челници не ја изговараат инфантилната Заева кованица.

Во уплав од  новата реалност во Македонија, каде никој никаде не го употребува она на С, Грците (колку да се каже дека прават нешто) се сведоа на бенигни реакции од нивното МНР. Веројатно, најмногу ги боли што дури и нивниот партнер во промената на уставното име, докажано антимакедонската СДС, веќе не го користи. Факт е дека дури и еден Венко Филипче со месеци го заборави она на С, иако, како министер го верглаше како расипана плоча. Никој на Бихаќка веќе не го изговара, осамена остана само луцидната повратничка и колерик Чупеска, која пак со синот на Фрчко кој шмрка кокаин и Соколот кој ќе пие вода во Идризово (не на Вардарот) се ре-вдомија во ИО на СДС.

Грчкото Министерство за надворешни работи во немајкаде повторува дека Преспанскиот договор, со кој наводно се решил деценискиот спор за името меѓу Атина и Скопје, бил дел од уставот на Македонија да ти бил целосно обврзувачки за двете страни, како на меѓународно, така и на домашно ниво, објавија грчките медиуми

Соопштението од грчкото Министерство следи по коментарите на премиерот Христијан Мицкоски, кој потенцираше дека ефикасно ја вратил употребата на „Македонија“ на домашен терен. Неспорен факт кој стана видлив и преку анационалната СДС која мораше да го следи новиот тренд наметнат од ВМРО-ДПМНЕ.


Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Министерството нагласи дека уставното име на Македонија да ти било експлицитно дефинирано во член 1 од Преспанскиот договор, од кој е дел, и предупреди дека „секој обид за фалсификување или менување на содржината на договорот никогаш нема да биде прифатлив од грчката страна“. Иако, и Заев и Димитров и Сириза и Ципрас се далечно минато, СДС тоа ќе биде наскоро.

Додаде дека договорот „е дел од меѓународното право и дека почитувањето на него е основа на мирниот соживот на луѓето и државите“. Небаре, претходно бевме во војна. Реално, Макеоднците навистина се тепаа и се тепаат за место за пешкир на грчките плажи. Значи, ништо не е сменето по и пред договорот. Како и ниту еден знак во Грција каде уште сме ФИРОМ.

„Во меѓународните договори нема фактички ситуации; нивното спроведување е униформно и универзално“, соопшти во уплав Министерството, истакнувајќи дека „напредокот“ во билатералните односи и патот на Македонија кон ЕУ „да ти барале строго почитување на договорите и почитување на принципот на добрососедски односи. Не кажаа зошто тие не исполнија ништо од фамозниот договор, освен што по притисок на САД, не „пуштија“ во НАТО. Каде ќе бевме и со името МАКЕДОНИЈА, да не беа Заев и СДС, како што лично призна и Ципрас.

Премиерот Мицкоски на 15 декември, гостувајќи во дневникот на телевизија Сител, рече дека го вратил името на државата, одговарајќи на прашање за луцидните критики од опозициската СДСМ (која кумуваше на целата антимакедонска ујдурма и ги користеше бенефитите од безрбетноста и сервилноста), дека демек не можело да му се верува.

И пак, по којзнае кој пати, СДС одработува за Грците и Бугарите, никогаш за Македонците.

Тешка, геостратешка грешка (ко што вели нивниот Црпко), која ги чини 6 градоначалника на терен, 15 пратеника и забрзан курс кон ставање клуч на врата на Бихаќка.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот на Селтик го напушта клубот поради закани и напади од навивачите

Следно

Ролат од тиква и крем сирење

Latest from Blog

Битола повторно центар на зимската магија во Македонија

Прочитајте ги секојдневните програмски содржини на фотографиите или разгледајте ја Програмата на „Зимска приказна“ на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/zimska-prikazna-25-26/ Од 20 декември до 5 јануари, не пропуштајте да бидете дел од „Зимска приказна“.

Објавена причината за смртта на режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга!

Сега причината за смртта на холивудската двојка е официјално потврдена. Канцеларијата на судскиот обвинител на округот Лос Анџелес објави дека двојката починала од „повеќекратни повреди од тап предмет“, пишува Дејли меил. Познатиот

Божиновска: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура и меѓународната соработка

Енергетската политика на Македонија се гради системски, врз основа на закони, институционални решенија и меѓународна соработка, порача министерката за енергетика Сања Божиновска по состанокот на Енергетската заедница. Како што информираше таа, на
Go toTop