Пиреј, Дениција, Небеска Тимјановна: Македонија ќе чествува 90 години од раѓање на колосот и великан Петре М. Андреевски

November 14, 2024
1 min read

Со настанот „Песна за неговата песна“, Културно информативниот центар – Скопје ќе ја одбележи деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик Петре М. Андреевски. На 20 ноември (среда), со почеток во 12 часот, со актерска изведба на делови од неговото творештво, книжевен разговор преку кој ќе се отворат важни прашања за неговата поезија и со проекција на архивски видео материјали, во салонот Империјал 2, сѐ ќе биде во знакот на неговиот творечки опус.

Во централниот дел на настанот, кон поетското творештво на Андреевски ќе се осврне универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, којашто важи за исклучителна познавачка на опусот на овој македонски класик, авторка на првата книга за неговата поезија, „Лицето на зборовите“, објавена пред точно дваесет години. Во разговорот што со неа ќе го води Иван Антоновски ќе се оствари обид за ново препрочитување на поезијата на Петре М. Андреевски и за согледување на некои аспекти што досега не се афирмирани пред пошироката јавност.

 

Делови од творештвото на Андреевски ќе одекнат со актерска изведба на Димитрина Мицкоска-Трајкоска, а пред присутните ќе бидат прикажани и архивски видео материјали на коишто говори самиот Андреевски.

 

Петре М. Андреевски се вбројува меѓу најдаровитите и најпопуларните македонски поети и раскажувачи на XX век, а се има пројавено и како драмски автор и есеист. Покрај најпопуларните – поетската книга „Дениција“ (1968) и романот „Пиреј“ (1980), меѓу позначајните негови дела се вбројуваат и поетските: „Вечна куќа“ (1987) и „Лакримариј“ (1999), збирката раскази „Сите лица на смртта“ (1994) и романите „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1997) и „Тунел“ (2003). Автор е и на култната книга за деца „Касни – порасни“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп ја избра Габард за директорка на Националните разузнавачки служби

Следно

Пожар во градинка во Железара- Томески со детали за КУРИР

Latest from Blog

Снежна бура во САД – бројот на жртви расте, прогласена вонредна состојба во 20 држави

Силна снежна бура низ Соединетите Американски Држави одзеде најмалку десет животи, остави милиони луѓе без електрична енергија и приземји илјадници летови. Националната метеоролошка служба најавува дека снегот ќе продолжи да врне и

Дурмиши на средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава

Министерот за економија и труд на Република Македонија Бесар Дурмиши оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер, на која беа разгледани можностите за продлабочување и унапредување

По освојувањето на пазарите во САД и Панама, македонскиот „дигитален трговец“ се враќа дома

Да се изгради технолошки производ во Македонија е предизвик; да се лансира истиот на најконкурентните светски пазари и да се постигне успех, е потврда за квалитет од светски рамки. Amenexia, напредниот AI

Загинаа 50 лица откако потона брод со мигранти во Средоземното море

Околу 50 мигранти загинаа откако нивниот брод потона во централниот дел на Средоземно море. Веста ја објави доцна синоќа весникот „Тајмс оф Малта“, јавува агенцијата Анадолија. Вооружените сили на Малта потврдија за малтешки

Отворен јавен повик за членови во Управен и Надзорен одбор на „Нискоградба“ Битола

Општина Битола го објавува јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Управен и Надзорен одбор за материјално-финансиското работење на КЈП „Нискоградба“ Битола. Предмет на
Go toTop