Пирамидите во Гиза – Симбол на древната египетска цивилизација и туристичка атракција

December 13, 2024
1 min read

ГИЗА (АА)

Пирамидите во египетскиот град Гиза, меѓу кои и Големата пирамида на Кеопс, едно од седумте светски чуда, се симболи на египетската култура и меѓу најпосетуваните туристички атракции во светот и денес, јавува Анадолу.

Со својата величина и историја тие се сведоштво за иновативноста на древниот Египет.

Пирамидите на Кеопс (фараонот Куфу, кој во хеленистичко време е познат како Кеопс), Кефрен и на Менкаур (добро познат со неговото хеленизирано име Микерин) во египетскиот град Гиза со години се во центарот на интересот на локалните и странските туристи.

Тие биле изградени како гробишта на фараоните што живееле за време на четвртата фараонска династија (3494 пр.н.е. – 2613 пр.н.е.).

13.12.2024

Пирамидите, кои се наоѓаат на ова подрачје и претставуваат гробници на таткото, синот и внукот, именувани се по фараоните од тој период, најголемата пирамида е на Кеопс, средната пирамида на Кефрен и малата пирамида е на Микерин.

Пирамидата на Кеопс, ​​широка 230 метри и висока 147 метри, повеќе од 3.800 години по изградбата го држела рекордот на „највисока зграда“ во светот, но денес нејзината височина е намалена за околу 10 метри поради ерозијата со текот на времето.

Кеопсовата пирамида се смета за најголема и најстара пирамида меѓу пирамидите пронајдени во Египет.

Освен трите пирамиди, комплексот во Гиза опфаќа и други монументални структури, меѓу кои помали пирамиди за кралиците, мастаби за благородниците и храмови каде што се изведувале ритуали за починатите фараони.

Долинскиот храм сместен покрај воден пат и погребниот храм во подножјето на пирамидите сведочат за длабоката верба во задгробниот живот.

– Сфингата – чувар на пирамидите

Пред пирамидата на Кафре се издигнува познатата Голема сфинга – статуа на митско суштество со тело на лав и глава на човек, за која се верува дека е моделирана според ликот на фараонот Кафре.

Оваа величествена статуа, долга 73 метри, е една од најпрепознатливите иконографии на Египет.

– Милиони туристи годишно ги посетуваат пирамидите

Денес пирамидите во Гиза привлекуваат туристи од целиот свет.

При посетата на комплексот туристите ги пречекуваат коњски кочии и камили, а во близина се продаваат и сувенири.

Минатата година Египет го посетиле 14,9 милиони туристи што дошле да ја доживеат магијата на овие древни чуда.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе измените на Законот за јавните набавки во редовна постапка

Следно

Градот Сафранболу ја слави својата 30-годишнина во УНЕСКО

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop