Петрушевски: Зошто премиерот не предлага нов министер за дијаспора во период кога од одредени држави ни се негира идентитетот?

February 22, 2023
1 min read

До сега за ниту едно од разрешувањата не добивме образложение, ниту од предлагачот ниту од пратениците зошто се разрешуваат и тоа е тема која што е апсолвирана и за која на сите ни е јасно дека се работи само за бројки, Меѓутоа, кај овој министер без ресор задолжен за дијаспора има специфична ситуација, имајќи го во предвид тоа што премиерот не доставува нов предлог на министер без ресор, задолжен за дијаспора, но не добивме ниту образложение зошто презел ваков чекор. А, со оглед на тоа што сме во специфичен период како држава кога што од одредени држави ни се негира идентитетот, мислам дека е еден катастрофално лош потег да се остави еден ваков ресот без соодветно покритии, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски од денешната собраниска седница за разрешување на министерот без ресор задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи.

Петрушевски истакна дека размислувајќи за причините за неназначување на нов министер за дијаспора дошол до заклучок, дека тоа не се прави од единствена причина што ниту пратениците, ниту министрите во Влада, ниту пак премиерот немаат храброст да одговорат дали во соседните земји има Македонци.

“Размислувајќи на темава дојдов до заклучок дека и досегашниот министер за дијаспора, апсолутно ништо не сработел. Дополнително на тоа што, па и не знам дали некој од овдека, особено од пратениците од владејачкото мнозинство и особено од министрите во владата, вклучувајќи го и премиерот дали имаат храброст да одговорат на прашањето „Дали ние имаме дијаспора во Република Бугарија, дали постои македонска дијаспора во Република Бугарија? И да одговори на прашањето дали постои македонска дијаспора во Република Грција? Дали ќе се охрабри некој да одговори на овие прашања“, запраша Петрушевски.

Мислам, додаде Петрушевски, дека можеби тука е одговорот зошто премиерот со еден ваков чин се откажува од дијаспората, почнаа да се откажуваат со разно разни одговори, под разно разни притисоци, јавно да изјавуваат па и да ставаат во Устав дека во околните држави нем македонски народ.

Меѓу другото, тој запраша, кој сега ќе биде носител на акцискиот план за дијаспора на Република Македонија до 2023 година во кој има сериозни точки за зачувување на културниот идентитет на македонската дијаспора на сите националности кои потекнуваат од Македонија, а од кој скоро ништо не е сработено.

„Прашувам кој сега ќе биде носител на овој акциски план со кој што треба да се спроведе националната стратегија за соработка со дијаспора на Република Македонија до 3023 година. Од оваа досегашната , апсолутно ништо не е сработено. Да бидеме реални, досегашниот министер ретко кој го познава, уште поретко кој го видел. Акцискиот план има навистина сериозни точки кои што се однесуваат на зачувување на културниот идентитет на македонската дијаспора исто така сериозни точки на зачувување на културниот идентитет и на дијаспората на дел од албанскиот, бошњачкиот, српскиот, ромскиот народ кој што потекнува од Република Македонија“, истакна пратеникот Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Киев: Русија ги засилува трупите на неколку позиции на фронтот

Следно

Кулеба за кинескиот мировен план: Ѓаволот е во деталите

Latest from Blog

Скопје во центарот на регионалната енергетска соработка – прв форум посветен на зелената транзиција и жените во енергетиката

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката. Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина од европскиот просек: Еве колку плаќаат граѓаните во ЕУ

Македонија има една од најниските цени на електричната енергија за домаќинствата во Европа, покажуваат најновите податоци за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, електричната енергија во Македонија е

Николоски: До крајот на мај автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно пуштен во употреба

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер

„Булмак 2016“ со нова мерка за работниците: Дополнителни 5.000 денари за редовност на работа

Компанијата „Булмак 2016“, која успешно стопанисува со рудниците Злетово и Тораница, продолжува континуирано да ги унапредува условите за работа на своите вработени. Како еден од најзначајните економски двигатели во источниот дел на

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен
Go toTop