Петрушевски: СДС да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол, од затворот Шутка направил хотел, тешки криминалци излегувале кога сакаат

February 28, 2025
1 min read

СДС да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол, од затворот Шутка направил хотел, тешки криминалци излегувале кога сакаат, истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Филип Андов Сокол кој е член на ЦО на СДС на Венко Филипче, поранешен советник на Заев и директор на Ковачевски е доказ дека во СДС ништо не е сменето, туку на функции се криминалци.

Филип Андов Сокол како директор на затворот Шутка овозможил криминалци кои се во притвор за сериозни кривични дела да го напуштаат затворот и по 8 до 10 часа на ден.

Криминалците кои Филип Андов Сокол ги пуштал во ниту еден случај не смееле да го напуштат притворскиот затвор.

Овие криминалци биле изнесувани од затворот од страна на униформирани лица кои тајно ги транспортирале до местото до кое тие сакале, со службени возила и службени ресурси.

Со Филип Андов Сокол државата буквално работела за криминалци.

Доколку СДС не излезе јавно да се извини, да го разреши Сокол и да го осуди ќе покажат дека ништо не смениле, ниту имаат сила да сменат, рече Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шпанскиот амбасадор од аеродром: Мицкоски чекаше ред како секој друг патник, пример за нормалност и едноставност

Следно

Бугаринот Сроилов го освои Шарпланинскиот скијачки куп

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop