Петрушевски: Од вчера, сите се на чисто дека ССМ и СДС делуваат заеднички

March 15, 2026
1 min read

На вчерашниот долгонајавуван протест демек на Сојузот на синдикати на Македонија, на дело се докажа она за кое ние ви укажувавме. Од вчера, сите се на чисто дека ССМ и СДС делуваат заеднички и дека и едните и другите се немоќни и само си се надополнуваат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски.

Граѓаните беа сведоци дека на таканаречениот синдикален протест имаше лица со обележја на СДС. Обележјата на СДС и промотивниот материјал може да го видите и вие на фотографиите зад мене.

Ова е само доказ дека синдикалците не се организирале сами, дека на синдикалците им помагале локалните штабови на СДС. И тоа им помагале во целата организација на вчерашниот протест. Им помагале лица на СДС од Куманово, Тетово, Струмица и слично.

Настанот вчера беше само доказ дека има равенство помеѓу ССМ и СДС, односно дека ССМ и СДС се едно исто. Во конкретниов случај ССМ и СДС ги злоупотребуваат работниците и нивните права само да бидат видливи на општествената сцена.

Да нема забуни, ВМРО-ДПМНЕ постојано стои зад работниците и нивните права.

ВМРО-ДПМНЕ прави се што може за да се подобри стандардот на секој еден граѓанин.

ВМРО-ДПМНЕ го почитува правото на работниците да протестираат и да ги бараат своите работнички права, меѓу кои и повисока плата.

Но, ова што се случува не е протест на работници, не е протест за работнички права. Ова е игра на ССМ и СДС да бидат видливи како фактор на пошироката општествена сцена, игра посебно на СДС која како партија сигурно се движи кон пропаст.

ВМРО-ДПМНЕ само сака секој да може да ги реализира своите права, а не да биде употребуван или злоупотребуван од различни центри, како во случајов од СДС и ССМ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почна да се гради уште еден објект – нова зграда за администрацијата на Општина Тетово што ќе чини речиси 1,4 милиони евра

Следно

Телеграф: Велика Британија би можела да испрати илјадници дронови на Блискиот Исток

Latest from Blog

Телеграф: Велика Британија би можела да испрати илјадници дронови на Блискиот Исток

Воените претставници истражуваат дали системот за пресретнување на дронови „Октопус“, што се произведува во Велика Британија за потребите на Украина во војната против Русија, би можел да се користи и за зајакнување

Почна да се гради уште еден објект – нова зграда за администрацијата на Општина Тетово што ќе чини речиси 1,4 милиони евра

До зградата на Општина Тетово неделава почна да се гради уште еден објект за општинската администрација. Станува збор за објект за кој општината треба да плати речиси 1,4 милиони евра. За да

И ТАКА, ПАЃААТ ВО СТАПИЦАТА: Израел се соочува со недостиг од пресретнувачи на ракети

Израел оваа недела ги извести САД дека се соочува со критичен недостиг од пресретнувачи на балистички ракети поради ескалацијата на конфликтот со Иран, потврдија неколку американски претставници за Семафор. Според нив, САД
Go toTop