Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

October 3, 2024
1 min read

На денешната собраниска комисија за политички систем, пратеникот Бране Петрушевски, се осврна на состојбата во судството. За истото има низа на забелешки во извештајот на Европската Комисија за 2023 кој го разгледуваат пратениците.

Петрушевски посочи дека, проблемот е во тоа што криминалците и високите функционери кои злоупотребуваат државни пари не се соочуваат со правдата.

Според него наместо да се казнат за своите дела, тие често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите. Од друга страна, обичните граѓани се осудуваат за бенигни прекршоци. Оваа нееднаквост е срам за правосудниот систем на Република Македонија.

Пратеникот Петрушевски се осврна на својот предмет, односно што беше осуден за клевета од судијата Неџат Мемети во Основниот суд во Куманово, ја отсликува оваа неправда.

Пресудата, која е базирана на неважечки закони, ја покажува врската помеѓу судството и власта. Судот го игнорира уставниот член кој го штити пратеничкиот имунитет за изјави дадени од собраниската говорница, како и пресудите на Европскиот суд за човекови права, кои ја потврдуваат апсолутната заштита на пратениците од граѓанска одговорност за изјави во парламентот. Судијата во целата пресуда цитира одредби од закон за граѓанска одговорност кои што не постојат, законот изменет во 2022 година објавен во службен весник број 251 на 22 ноември 2022 година гласан од моја страна од ова собрание меѓутоа овој судија цитира одредби од неважечкиот претходен закон, рече Петрушевски.

Според Петрушевски, ова е само еден пример за системските пропусти во правосудството.

Наместо да ги штити интересите на граѓаните и да обезбеди праведност, судскиот систем честопати станува инструмент на политички интереси и злоупотреба на власта. Доколку ситуацијата не се подобри, граѓаните ќе продолжат да губат доверба во институциите кои треба да ја гарантираат правдата, вели Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски ги презентираше наследените проблеми и проекти што се реализираа во 100 дена Влада

Следно

Шолц: Германија се соочува со тешка битка против екстремистите

Latest from Blog

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга

Според информациите на Американскиот институт за геофизика, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 238 километри под морското дно. И минатата година во овој период, поточно на 30 март, силен земјотрес со

Тркалезна маса за можноста за воведување уставна жалба

Подигнување на свеста и поттикнување суштински институционален дијалог за можните уставни измени и законодавни реформи поврзани со воведување уставна жалба, како механизам за директна заштита на основните слободи и права пред Уставниот
Go toTop