Петрушевски: ДУИ константно менуваа маски само за да си го прикријат криминалот и корупцијата

December 20, 2024
1 min read

Во денешната емисија „Дејли Клик“ на ТВ 21 гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски кој зборуваше за полициските акции и случајот којшто привлече најмногу внимание а тоа е случајот со Државна лотарија каде што осомничени се Перпарим Бајрами и поранешниот вицепремиер Артан Груби за кои јавноста е запознаена дека и двајцата не се во државата но исто така и образложи како тој гледа на овој случај и на таа акција во која тие двајца се осомничени.

Пратеникот Петрушевски посочи дека е за поздравување тоа што конечно во државата има правда, и дека осомничените со нивното бегство само докажуваат дека се виновни, односно дека претходната власт правела криминал за којшто ќе одговараат пред лицето на правдата притоа наведувајќи дека ДУИ и СДС се сосема спротивно од она што се претставуваат како „чисти“, бидејќи Артан Груби е олицетворение на криминалот.

„Добро е што почна правдата да чука на врата во Македонија и тоа е добро и тоа е за поздравување и го поздравуваат сите, од друга страна она што е факт е тоа дека и двајцата осомничени за овој случај се недостапни за лицето на правдата во моментот е само доказ дека се виновни затоа што само пред неколку дена ако се присетиме еден од осомничените поранешниот прв вицепремиер имаше статус на Фејсбук дека бил чист како солза, за само после неколку дена тој истиот е недостапен за правдата за институциите и го нема никаде да се огласи по однос на овој предмет којшто ние како тогашна опозиција го отворивме и во континуитет зборувавме дека Артан Груби е личноста којашто е олицетворение на криминалот на ДУИ во таа влада со СДС, криминал којшто нормално заедно го правеа“, изјави Петрушевски.

Во емисијата пратеникот истакна дека ДУИ само менуваат маски за да си го прикријат криминалот и да предизвикаат меѓуетнички тензии и немир, па смета дека во иднина ќе има многу вакви случаи со комплексна содржина кои ќе бидат откриени а опозицијата кога била на власт сето ова го знаела само не се реагирало со една и единствена причина да се прикрие криминалот.

„Она што сакам исто така да го истакнам е дека во континуитет ДУИ преку Артан Груби како нивен највисок функционер тогаш во таа претходна влада само менуваше маски за да кради, значи се борат сега за некакви права коишто апсолутно не се ограничени сакајќи да предизвикаат меѓуетнички тензии само за да крадат за да се вратат на власт за да не одговараат, претходно сменија маска, беа за европски вредности за европски фронт, видовме зошто тоа го правеле за да крадат претходно беа зелена партија, зелени агенди исто така само за да крадат. Опозицијата кога била власт требала да го почне овој случај затоа што знаеле тогаш и Оливер Спасовски и тогашните функционери, знаело ЈО можело да реагира по допрен глас, знаело МВР знаеле сите дека во Лотарија се случувало криминал“, вели Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Погодена Амбасадата на Македонија во Киев во ракетен напад

Следно

Македонската амбасада во Украина оштетена при ракетни напади на руската армија врз Киев

Latest from Blog

Ѓорѓиевски претстави проект за младите: мобилност, култура и заштеда со „SKOPJE CITY GO“

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го презентира новиот проект „SKOPJE CITY GO“, наменет за младите и сите граѓани на Скопје. „SKOPJE CITY GO“ е

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни
Go toTop