Петровски по ЕП во Литванија: Девојките дадоа сè од себе во дресот на Македонија

July 14, 2025
1 min read

Селекторот Виктор Петровски ги сумираше впечатоците по одиграните натпревари на Европското првенство во Б дивизијата во Литванија, на кое македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација го освои 18. место.

КФМ

„Мислам дека реално, можевме да имаме уште некоја победа. Но ако тргнеме од почетната ждрепка, и групата која беше исклучително тешка, ако се земе в предвид на пример, дека две селекции од истата, Германија и Шведска, го играа големото финале на првенството, беа наши ривали во првата фаза, која го одредуваа понатамошниот тек на настаните на еден турнирски систем на натпреварување, ова е некоја наша реалност“, оцени Петровски во изјава за официјалниот сајт на Македонската кошаркарска федерација.

Петровски, притоа, го истакна и фактот дека македонската репрезентација беше најмлада во конкуренцијата на турнирот во Алитус и Вилнус.

„За разлика од другите репрезентации, игравме и со најмлад тим на првенството. Две кошаркарки имаат по 15. години, некои се на возраст од 16. години. Противниците беа, реално, физичко подоминантни во однос на нас, и со многу поголем број на ’сантиметри‘, односно висина. Покажавме добри игри, без оглед на резултатите, јас немам никакви забелешки. Задоволен сум од процесот, задоволен сум од сите кошаркарки, дадоа се од себе за дресот на Македонија, и нè направија горди“, истакна Петровски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 700 Палестинци убиени од израелски оган во Газа чекајќи да добијат вода

Следно

Русија најавува нова воена офанзива, Трамп нова софистицирана опрема за Украина

Latest from Blog

Николоски: Прво туристичко вештачко езеро за Штип и источниот регион

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е
Go toTop