Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУ

September 27, 2024
1 min read

Власта ја оствари својата цел, а тоа е Северна Македонија да ја оддалечи од ЕУ. Тоа што Албанија ќе ги продолжи преговорите со Европската Унија, а ние остануваме во место, ДПМНЕ и го посакуваше, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во дебатната емисија „Анализа“, на 24 ТВ.

-ДПМНЕ и власта ќе направат се за да се оддалечиме што е можно побрзо од ЕУ, оти тоа им одговара. А, оние нивни констатации дека ни се случуваат неправди, притоа без да понудат план, се само изговори и не доликуваат на изјави на државници и одговорни политичари“, рече Петревска.

Под изговор дека ги штитат националните интереси, а за сметка на тоа граѓаните ги залажуваат со навидум евтини кинески кредити, ДПМНЕ нема план за патот  кон Европската унија, чии механизми за контрола во државата, не и одговараат на власта, потенцираше Петревска.

Во дебатната емисија таа потенцираше дека ДПМНЕ ги излажа граѓаните, особено кога им ветуваше дека ќе репреговара за преговарачката рамка.

-На ДПМНЕ му гори, затоа што лагите дека ќе репреговараат подобра преговарачка рамка и дека ќе го вратат името им излегоа на виделина. Немаат план. Кога ја добивме одлуката дека Албанија почнува преговори со ЕУ, за ДПМНЕ, пак сите се виновни, само тие не се. Кога СДСМ ја прифати преговарачката рамка, нам ни беше јасно дека само тоа е патот кон ЕУ и ние храбро донесовме одлука. Сегашната власт, не го оствари она за кое ветуваше дека се залага. Граѓаните сакаат побрза интеграција во ЕУ. Обврска на ДПМНЕ е продолжување на процесот на европска интеграција на држава, рече пратеничката Петровска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оддржана меѓувладина седница со Унгарија

Следно

СО МАКЕДОНСКАТА ПРЕМИЕРА НА „УБИЈ ГИ ПРВО ДЕЦАТА“ НА ОРОВЧАНЕЦ ВЕЧЕРВА СЕ ЗАТВОРА „БРАЌА МАНАКИ“

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop