Петрова: УЈП наместо моќник над даночните обврзници, рамноправен учесник во даночниот систем

February 18, 2025
2 mins read

За даночните обврзници она што сакаме да го постигнеме е прво, едноставни и брзи процеси за пресметување и плаќање на даночните обврски. Значи она што и претходно го споменав, делот каде што многу треба да се подобри е ефикасноста на даночната администрација и тоа се рефлектира на самите системи и постапки во коишто даночните обврзници ги исполнуваат нивните обврски, вели првиот даночник на чело на Управата за јавни приходи Елена Петрова, во поткастот ВМРО-ДПМНЕ Зборува-Унија на жени.

Во смисла на тоа да се разбие општата перцепција на граѓаните за УЈП која подразбира само контроли и казни, Петрова ја претставува новата визија формирана веднаш по нејзиното назначување за директор на Управата. Таа појаснува дека истата се состои во една вистинска, суштинска кооперативност, целосно нов лик на УЈП. Со други зборови кажано, една модернизирана УЈП која ќе обезбеди поинаков амбиент во кој ќе соработуваат даночната администрација и даночните обврзници.

-Даночните обврзници нема да ја доживуваат УЈП како моќник над нив, туку како рамноправни учесници и чинители во даночниот систем бидејќи даночниот систем, видовме дека не функционира само со УЈП, туку со УЈП и даночните обврзници заедно, заедно сме во имплементирањето на даночните закони. И новиот лик на УЈП од аспект на даночните обврзници исто така значи и правичност, тие да почувствуваат дека постои правичност во спроведувањето на даночните закони, односно дека сите законски овластувања на УЈП кои се однесуваат на оние даночни обврзници кои не ги исполнуваат даночните обврски ги спроведуваме неселективно, доследно и целосно, јасно нагласува Петрова.

Таа информира дека за овој дел се преземени и конкретни чекори, мерки и активности. Погледнато од агол на кооперативноста, веќе е формиран Совет за даночна усогласеност кој вклучува претставници и од УЈП и од даночните обврзници преку нивните даночни советници и консултанти, а од агол на праведноста пак, формирано е независно тело кое постапува по поднесените приговори од даночните обврзници по инспекциските записници, се со цел да се избегне моментот еден ист инспектор и да ја спроведува контролата и да одлучува по приговорот, односно да се обезбеди независно постапување.

-Од аспект па на она што претставува даночна администрација, нашата визија е да имаме модерна, дигитализирана даночна администрација. Значи се стремиме кон оној модел на интероперабилен систем во којшто УЈП ќе биде поврзана и со даночните обврзници и во реално време ќе ја имаме размената на информации околу сите оданочиви трансакции. Тука е сè разбира и поврзувањето со други државни органи, со други даночни администрации, бидејќи се потребни сите тие податоци и информации за да може да се следи оданочувањето и одлуките што ќе се носат да бидат информирани одлуки, одлуки кои ќе се засноваат на разгледување на податоци во реално време, објаснува Петрова.

Според неа за сето тоа не е доволна само технологијата, туку неопходен е и човечки капитал со соодветно стручно знаење, професионализам и организациска култура со заеднички вредности, еден целокупен начин на внатрешно функционирање на УЈП кој таа се стреми да го постигне. Во делот на конкретните мерки за дигитализацијата, Петрова вели дека веќе се работи на проектот е-фактура како и на други технички спецификации за други делови од внатрешните процеси кои исто така треба да се дигитализираат.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

На паркингот на Клинички вози кој како сака: „Имам итен случај“ – се правдаат возачите

Следно

САД и Русија се договорија за создавање механизам за консултации за намалување на билатералните тензии

Latest from Blog

Прв концерт на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан по две илјади години

Овој историски настан е прв јавен концерт што Ватикан го одржал во изминатите 2.000 години. Концертот беше заеднички режиран од Фарел Вилијамс и Андреа Бочели, а настапија Џенифер Хадсон, Карол Џи, ѕвездата

Ѓурѓај: На Конгресот на ФУЕН ќе бараме унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 69. Конгрес на

Меџити: Акредитирани лаборатории го мерат воздухот по пожарот во Трубарево

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на прес-конференција рече дека фирмата во која настана пожар во Трубарево имала важечка дозвола за рециклирање на отпад, и дека се мери

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото
Go toTop