Петрова: Граѓаните имаат се уште време да приложат докази за платен данок на доход во странство

January 5, 2026
2 mins read

Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова вели дека на граѓаните кои платиле данок на доход во странство, а на кои сега им е дојдено даночно решение и од УЈП, имаат се уште време да ги приложат доказите до канцелариите на УЈП.

Петрова тврди дека не може да се изврши двојно одданочување, а доколку има случаи во кои граѓаните веќе го платиле данокот на доход во странство, а сега постапиле и по решението од УЈП, ќе бидат разгледани сите докази и ќе се изврши оданочување само на едно место.

– За оние кои платиле во странство и сега платиле во земјава, ќе бидат земени предвид сите докази. Зависно од меѓународниот договор – доколку со земјата имаме склучено меѓународен договор, каде треба да се плати данокот, а каде да се изврши поврат или доколку е возможно, платениот данок во странство да се прифати како даночен кредит, а за уплатата која е извршена овде да се изврши враќање или да се прифати за друг долг за следна година, појасни Петрова на денешната прес-конференција со министерката за финансии.

Вели дека како институција се свесни за реакциите на граѓаните, но додава дека морале да го почитуваат законот и да ги достават решенијата во законкиот рок, односно пет години по истекот на годината кокга доходот е остварен.

– Верувам дека одредени граѓани не стигнале да ги завршат активностите во однос на собирањето и доставувањето на доказите и тоа е разбиливо бидејќи се работи за пет години наназад, меѓутоа нашиот рок за завршување на постапката беше до 31 декември и тоа е законскиот рок. Имајќи предвид дека граѓаните мора да обезбедат докази за работа што се случила пред пет години, а доказите ги обезбедуваат од странски земји, ќе им овозможиме да го сторат тоа. Ги повикувам сите да ги достават доказите, ќе ги разгледаме и што може да се прифати, ќе прифатиме, рече Петрова.

Според Петрова, оваа активност на УЈП не била брза и изненадувачка, туку опсежна активност во која биле собрани податоците од банките, била направена  опсежна анализа и околу 11.000 граѓани персонално биле повикани да го подмират данокот на доход.

За протестите на овие граѓани и за нивните најави дека ќе поднесат тужби пред Управниот суд, директорката на УЈП вели дека тоа се легитимни права на граѓаните.

– Тоа ниту можеме, ниту сакаме да ги спречиме граѓаните да поведат управен спор доколку имаат докази за тоа. Сепак, повикани се и кај нас да ги достават доказите за да видиме дали имаат платен данок во странство, рече Петрова.

Димитриеска – Кочоска: Не се работи за нова давачка, станува збор за почитување на законите

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, напомена дека не се работи за законска измена и дека граѓаните треба да ги знаат нивните обврски кон државата.

– Ние досега не сменивме ниту еден закон. Даночните обврзници треба да ги знаат законите и да ги почитуваат. КОга станува збор за потврдите за остварување на дохид во странство, секој од нас треба да знае дека кога го остварува доходот во странство, во исто време треба да обезбеди и потврда во годината во која го остварил со цел да го поднесе до Управата за јавни приходи односно во месецот. Што значи дека ова не е нова давачка која ние ја сменивме во Собранието. Станува збор за почоитување на законите, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Од 11.000 граѓани, утврден е данок за 6.600 граѓани за 2020 година. За останатите е коснтатирано дека доходот не подлежи на одданочување. Од овие 6.600 граѓани, 2.200 граѓани самите го имаат поднесено и платено данокот, а за 4.400 граѓани донесени се решенија по службена должност. Вкупно утврдениот данок е околу три милиони евра за 2020 година.

Најавите од УЈП се дека ќе се проверуваат и останатите години.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола и регионот ја модернизираат комуналната инфраструктура

Следно

Околу 12 танкери за нафта ја напуштија Венецуела и покрај санкциите на САД

Latest from Blog

Пролетта тропа на врата: Утрата со минусни температури, преку ден температури и до 20 степени

Времето утре во Република Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Утринските минимални температури ќе се движат

Митровски: За брзо ќе бидеме преплавени со станови, не може толку да се продадат

Слободан Митровски, од Aгенцијата за недвижности „Асторија“, вечерва во емисијата Бизнис21 на ТВ21 истакна дека за брзо време градот ќе биде преплавен со станови кои не може толку да се продадат. „Немаме

Хоџа најави трајни решенија: 85 милиони денари за инфраструктура во Ласкарце

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на водоводната мрежа и атмосферската канализација за жителите на селото Ласкарце во општина Сарај. „Правиме пресврт во

Прв пат е објавена снимка на борба меѓу украински робот и руски војник (Вознемирувачко видео)

Видеото се припишува на 411-та чета за специјални беспилотни системи „Јастреби“. Не е познато точно каде или кога се случила борбата,објави Б92. Видеото, објавено на социјалната мрежа X, прикажува возило кое се
Go toTop