Петмина војници и 13 цивили загинаа во терористички напад во Северозападен Пакистан

March 5, 2025
1 min read

Hајмалку петмина војници и 13 цивили загинаа во терористички напад во Северозападен Пакистан, известува Анадолу.

Група од 16 милитанти доцна синоќа се обиделе да влезат во населба во областа Бану во провинцијата Хајбер-Пахтунхва, а потоа извршиле напад со две возила наполнети со експлозив откако пакистанските сили ги спречиле во првобитната намера.

„Покажувајќи непоколеблива храброст и професионална извонредност, нашите храбри сили прецизно се бореа со натрапниците, елиминирајќи ги сите шеснаесет терористи, вклучително и четворица бомбаши самоубијци“, се вели во соопштението на пакистанската армија.

Петмина пакистански војници загинаа во размената на оган, што траеше до денес.

Областа Бану се наоѓа во близина на немирниот племенски округ Северен Вазиристан и долго време е место на судири меѓу безбедносните сили и милитантите лојални на пакистанските талибанци (ТТП).

Групата ТТП на Хафиз Гулбахадур ја презеде одговорноста за нападот, објавија локалните медиуми.

Повеќекратните самоубиствени експлозии резултираа со делумно уривање на периметарскиот ѕид, предизвикувајќи штета на соседната џамија и на цивилната станбена зграда. Во нападот загинаа 13 цивили, а 32 лица се повредени.

„Разузнавачките извештаи недвосмислено ја потврдија физичката вмешаност на авганистански државјани во овој грозен чин, а доказите укажуваат на фактот дека нападот го диригирале и режирале водачите на групата Хариџити што дејствуваат од Авганистан“, се вели во соопштението.

Војската предупреди дека Пакистан го задржува правото да ги преземе неопходните мерки како одговор на заканите што произлегуваат од авганистанска територија.

„Безбедносните сили на Пакистан остануваат цврсти во својата решеност да го искоренат тероризмот во сите негови облици“, се вели во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трипуновски: Подготвуваме нова стратегија која ќе значи предвидливост на земјоделското производство

Следно

Вардар до Дибиров: Ќе останеш секогаш нашиот спортски херој

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

“Бомба“: ПСЖ сега нуди 350 милиони евра за Јамал, ако и тоа е малку ќе понуди и повеќе!

ФОТО: FC Barselona/X Вистинска “бомба“ од Париз. Имено медиумите во Франција лиферуваат вест која може тотално да го “измести“ светскиот фудбал. ПСЖ се подготвува повторно да го потресе фудбалскиот пазар на начин
Go toTop