Петмина скијачи загинаа во лавини на француските Алпи

January 30, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Петмина скијачи, меѓу кои четворица Норвежани и една Швајцарка, го загубија животот во лавини на француските Алпи што се случија во регионите Савоа и Горна Савоа, јавува Анадолу.

Во Вал-Сенис, во близина на италијанската граница, четворица норвешки скијачи ги удрила масивна лавина додека рекреативно скијале надвор од скијачката патека, пренесе францускиот дневен весник „Ле Паризиен“.

Тројца од нив починале на местото на несреќата, а четвртата жртва, жената, починала во болница во Гренобл по срцев застој и тешка хипотермија, соопштија властите од Савоа.

Тројца од групата не се повредени.

„Тоа беше лавина од големи размери, која се случи надвор од скијачката зона“, изјави градоначалникот на Вал-Сенис, Жак Арну, пренесува весникот.

Во спасувачката операција учествувал тим од 10 спасувачи, информираа полициски извори.

Во меѓувреме, во Горна Савоа, 30-годишна Швајцарка загинала во лавина додека скијала надвор од патеките на северната страна од Аигијет де Посетес, во масивот Мон Блан.

Нејзиниот татко не бил повреден, а брат ѝ бил пренесен во болница за преглед, соопштија од обвинителството во Бонвил.

Тројцата користеле примопредаватели и воздушни перничиња за заштита од лавини во моментот на несреќата, додадоа властите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Финансиска поднесе две кривични пријави до ОJO Струмица за даночно затајување

Следно

Нико Ковач нов тренер на Борусија Дортмунд

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop