Петкоска: Зборуваме за буџет што предвидува раст од 3,8%

November 15, 2025
1 min read

Во секој буџет се крие пулсот на една држава преку кој се покажува каква држава сакаме, буџетот се носи за секој еден од нас, за секој да има подобро утре.  Граѓаните очекуваат од нас зошто ни дадоа доверба, рече пратеничката Лидија Петкоска на денешната собраниска комисија на која се расправа за Предлог буџетот за 2026 година.

Петкоска буџетот го спореди со торба и рече дека ако внимателно е спакувана патот ќе биде можен и лесен.

„Ние на буџетот работиме мудро, внимателно со очи вперени кон иднината. Буџетот покажува колку ќе биде силна светлина и дали ќе стигне до секое коше и до секого. Ние ја  адресираме реалноста или каде бевме, каде сме и каде одиме“, кажа Петкоска.

Пратеничката Петкоска се осврна на однесување на опозицијата кон народните пари.

„Слушајќи ги од опозицијата ќе се осврнам прво на задолжувањата.  И сакам да расчистам. Новата обврзница е 950 милиони евра, а дури 700 за враќање на еврообврзница или раздолжување на задолжувања направени од претходната влада. Значи мора да ја гледаме реалноста и да бидеме рационални“, смета Петкоска.

Петкоска се осврна на начинот на кој се планираше буџетот за следната година, и како внимателно се правеше поради наследената ситуација.

„Денес зборуваме за буџет што предвидува раст од 3,8%, инфлација што паѓа кон 2,5% и дефицит намален на 3,5 %. Додека на оние што денес критикуваат инфлацијата им избега над 15-20 проценти.  Ние пак  ја стабилизираме економијата и ги поставуваме темелите за здрав раст“, изјави Петкоска.

Според Петкоска планиран е раст со мерка додека претходната влада трошела без мерка.

„Можеби буџетот не е совршен, ниту треба да биде, но државата конечно се враќа на рационални планирања“, заклучи Петкоска.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жорди Кројф ќе го извлекува Ајакс од калта?

Следно

Прилеп со масовна еко-акција: Над 1.000 граѓани го чистеа градот

Latest from Blog

Тоневски: Поддршката за спортот останува приоритет во Пробиштип

Пробиштип беше домаќин на традиционалната средба на борачите, на која се собраа ветерани, спортски работници и претставници од боречките клубови од целата држава. Средбата беше организирана од Здружението на борачи ветерани на

Димитриеска-Кочоска: „Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија кредитниот рејтинг на Македонија

6 април 2026 година, Скопје  – Агенциите за кредитен рејтин „Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија стабилнот кредитен профил на земјата во поолугодишните прегледи. „Стандард и Пурс“ изврши редовен полугодишен преглед

Истражување: Шпанците го сметаат Трамп за поголема закана по светскиот мир од Путин

 Шпанските граѓани веруваат дека американскиот претседател Доналд Трамп претставува најголема закана за светскиот мир, поголема дури и од рускиот претседател Владимир Путин или израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, покажува најновата анкета објавена денеска

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски

Владата работи со сите стекхолдери за доаѓање до конечна верзија на законот за заштита од пушењето. Не е во ред децата од најмала возраст да користат ароматизирани вајпови, кои потоа можат да
Go toTop