Петкоска: Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Акцискиот план, придонесуваат за поголема вклученост на жените во политиката и родова рамноправност во законодавниот дом

February 15, 2025
2 mins read

На поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“, гостуваше пратеничката и потпретседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска која зборуваше за рамноправноста меѓу жените и мажите во делот на политиката и економија, за тоа како се води таа борба и кои активности се преземаат со цел жените да бидат вклучени во носењето на одлуките и политиките на државно ниво.

Пратеничката Петкоска истакна дека борбата за рамноправност помеѓу жените и мажите, подразбира континуитет, посветена работа и многу трпение, со што наведе дека Унијата на жените се залага токму во овој правец, со многубројни активности коишто досега покажале видливи и позитивни резултати.

„Во таа насока јас ќе потенцирам најпрвин дека континуираните заложби на УЖ на ВМРО- ДПМНЕ за што поголема застапеност на жените на политички функции, вродија со најубавиот според мене плод, а тоа е изборот на жена за највисоката функција во државата претседателка во Република Македонија. Како Унија на жени континуирано и низ многубројни активности работиме на економско јакнење на жените, ја креваме јавната свест за голем број прашања коишто ги засегаат жените и попатно ги охрабруваме жените за нивно активно вклучување во политичките процеси, регрутираме жени кои би можеле да се носат со предизвиците на јавниот и политичкиот живот итн. Тука морам да ги вбројам хуманитарните активности во кои ги вбројувам крводарителските активности по кои УЖ на ВМРО-ДПМНЕ е најпрепознатлива“, вели Петкоска.

Во поткастот Петкоска ги наведе и чекорите кои се преземаат во Собранието, односно како Комисијата за еднакви можности на жените и мажите придонесува кон подобрување на улогата на жената во општеството, за сите да имаат еднакви права, можност и заштита во сите сфери од животот, како услов за целокупен и одржлив економски, демографски и социјален развој и напредок на земјата, со што би била унапредена положбата на жената во јавниот и приватниот живот.

„Како пратеничка во втор мандат, можам слободно да кажам дека во континуитет заедно со моите колешки пред се членките и членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, работиме на подобрување на законските решенија и сите прашања коишто ги засегаат жените и целокупното општество, тоа подразбира многу средби, амандмански интервенции на законите, лобирање на буџетски средства, иницирање на јавни расправи, покренување на јавната свест за одредени прашања, охрабрување на жените за влез во политичкиот живот итн. Главна одлика на нашата работа е дека имаме јасна визија, а тоа е жена свесна за нејзината улога во општеството заштитена од секаков тип насилство, економски независна, едуцирана почитувана и среќна“, рече Петкоска.

Пратеничката го образложи и Акцискиот план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите за период од 2025-2027 година, кој има за цел целосна институционализација на рамноправноста меѓу жените и мажите во законодавниот дом, притоа во фокусот ги стави мерките и активностите на Акцискиот план и како тие се групирани во неколку стратешките цели, кои со одржување на квартални состаноци, евалуација и навремено подготвување на извештаи би придонеле за успешна реализација на сите предвидени чекори.

„Содржи четири стратешки цели коишто се однесуваат на унапредување на рамноправноста на жените и мажите во претставувањето во Собранието, во законодавниот процес, во надзорната функција и за внатрешната организација и меѓународната соработка на Собранието. Во минатото е констатиран еден сериозен недостаток на не правење на време на евалуација за реализацијата на акциските планови коишто се носеле, во овој случај нема да биде така ние на квартално ниво ќе информираме, работната група ќе ја следи реализацијата и ќе прави континуирани извештаи, до каде сме, каде треба да се забрза, каде не е испочитуван рокот, за да имаме видливи резултати и кога ќе седнеме да направиме евалуација по завршувањето на рокот за реализација во 2027 година да можеме да кажеме дека сме реализирале најголем дел од активностите, што всушност е и самата цел на акцискиот план“, истакна Петкоска.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Трамп најави воведување царини за увоз на автомобили во април

Следно

Намалена видливост до 50 метри на планинскиот премин Ѓавато

Latest from Blog

Филипче: Кога ќе продолжат ЕУ интеграциите? Мицкоски: Ќе сториме се да станеме членка, но не како „модерни“ Македонци

Кога ќе најдете подобра преговарачка позиција за да се продолжи европскиот пат го запраша премиерот Мицкоски, претседателот на СДСМ Венко Филипче. Тој вели дека претходно никогаш не се преговарало за македонскиот јазик

Од 1 јули до 31 август се воведува целосна забрана за движење во шума

Од 1 јули до 31 август годинава се воведува целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата со која стопанисува/управува ЈП „Национални шуми”.  Забраната, како што информираат се воведува

Пратенички прашања, власта и опозицијата во клинч за блокираната евроинтеграција на земјава

Кој е планот на Владата и како планира Христијан Мицкоски да ги деблокира македонските евроинтеграции- го праша премиерот лидерот на СДСМ Венко Филипче на денешната седница за пратенички прашања. Според Филипче Мицкоски

Ердоган ги поздрави напорите на Трамп за прекин на огнот меѓу Иран и Израел, повика на сличен напор и за Газа и Украина

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги поздрави напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување прекин на огнот меѓу Иран и Израел, јавува Анадолу. „Му кажав на Трамп,
Go toTop