Петар Богојески избран за член на Наставно-научниот совет на Воената академија

November 28, 2025
1 min read

Д-р Петар Богојески е официјално избран за член на Наставно-научниот совет (ННС) на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје. Процесот на неговиот избор во наставно-научно звање доби правна завршница по спроведениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат (ДПИ).

Според информациите, инспекторатот вршел повеќемесечен надзор врз процедурата, при што е констатирано дека изборот на Богојески е спроведен согласно сите законски и подзаконски акти. Дополнително, во текот на надзорот, ДПИ утврдил неправилност во претходна одлука на ННС која била на штета на кандидатот, по што е донесено решение за исправка на истата. Со ова, административните пречки се отстранети, а мандатот на Богојески во Советот е верификуван.

Богојески: Нема да ја тужам Академијата, но постапките за клевета продолжуваат

Во изјава за нашата редакција, Богојески го потврди завршувањето на процесот. На прашањето дали планира да поднесе тужба за надомест на штета против институцијата поради одолговлекувањето на постапката, тој категорично ја отфрли таквата можност, истакнувајќи го својот почит кон Воената академија.

„Никогаш не сум ја тужел мојата татковина Македонија, нема ниту сега, ниту во иднина. Воената академија ја доживувам како мој втор дом и семејство – за неа се бориш, а не ја тужиш,“ изјави Богојески.

Сепак, тој посочи дека судските и дисциплинските постапки против поединци (новинари и професори) кои, според него, пласирале невистини и клевети поврзани со неговиот избор, ќе продолжат до добивање на правосилна судска пресуда.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола домаќин на клучниот годишен собир на архитектонската заедница

Следно

РКЕ следната недела ќе ги утврди тарифите за пренос и дистрибуција на струја, нема да има поскапување

Latest from Blog

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен
Go toTop