Пет јасни знаци кај тинејџерите за тревога на родителите

October 7, 2025
2 mins read

Помеѓу ненадејните промени во расположението, трескањето врати и долгите периоди на тишина, лесно е сè да се припише на „тинејџерската анксиозност“. Но, зад превртувањето очи и доцните ноќни излегувања, детето може да се бори со проблеми кои го надминуваат вообичаеното растење. Современите притисоци во училиштето и во општеството доведоа до зголемено нарушување на менталното здравје кај младите луѓе, објавува „Тајмс оф Индија“.

Проблемот е што предупредувачките знаци честопати изгледаат како нормално однесување за нивната возраст. Еве пет суптилни, но сериозни знаци дека нешто го мачи вашиот тинејџер и совети како можете да помогнете.

Ненадеен пад на школскиот успех

Иако секој тинејџер повремено може да ги занемари училишните задачи, забележливото и постојано намалување на оценките или ненадејното губење на интересот за учење може да биде причина за загриженост. Студија од 2021 година објавена во „Journal of Adolescence“ го поврза слабиот школски успех со стресот, депресијата или анксиозноста. Ако забележите дека вашето дете од ангажиран ученик се претворило во целосно незаинтересиран, време е да проверите што се случува.

Промени во спиењето и навиките во исхраната

Кога тинејџерите се под емоционален стрес, најчесто страда сонот. Студија од 2020 година објавена во списанието Sleep Medicine открила дека неправилните циклуси на спиење кај адолесцентите го зголемуваат ризикот од депресија. Истото важи и за апетитот – значајните промени, без разлика дали станува збор за прејадување или одбивање храна, можат да бидат индикатор за емоционален стрес, а не само минлива фаза на пребирливост во јадењето.

Повлекување од пријатели и активности

Социјалниот живот е клучен во развојот на тинејџерот, па затоа повлекувањето од социјалните интеракции или откажувањето од омилените хобија може да биде сериозен предупредувачки знак. Студија од 2019 година објавена во списанието Child Psychiatry & Human Development го истакнува социјалното повлекување како еден од најраните индикатори за депресија. Кога тинејџерот од друштвено дете одеднаш сè повеќе време поминува сам и губи интерес за активностите во кои порано уживал, важно е да преземете акција.

Зголемена раздразливост и емоционални испади

Промените во расположението се нормален дел од растењето, но важно е да се обрне внимание на нивниот интензитет и зачестеност. Студија од 2018 година објавена во The Journal of Abnormal Child Psychology ја идентификуваше раздразливоста како клучен симптом на нарушувањата во расположението кај тинејџерите. Ако испадите на гнев или тага не соодветствуваат на ситуацијата и се јавуваат речиси секојдневно, веројатно се работи за посериозен проблем од обичен „тинејџерски став“.

Чести физички тегоби

Главоболките, болките во стомакот или општата малаксаност понекогаш можат да бидат физичка манифестација на емоционален проблеми. Студија од 2017 година објавена во Pediatrics Journal потврдува дека адолесцентите често психолошкиот стрес го изразуваат преку соматски симптоми. Ако медицинските прегледи не откријат јасна физичка причина за симптомите, многу е можно тие да се должат на потиснат стрес или анксиозност.

Важно е да се слуша неизговореното

Најголема заблуда е да се верува дека тинејџерите кои секогаш се бунтовни, јасно ќе ја изразат својата болка. Всушност, многумина се вешти во криењето додека ситуацијата не ескалира. Со внимателно следење на суптилните промени во расположението, однесувањето и секојдневните навики, родителите можат рано да ги идентификуваат проблемите и да реагираат пред малите тешкотии да се претворат во големи битки. Вашиот тинејџер можеби не секогаш ги наоѓа вистинските зборови, но ако обрнете внимание, можете да го слушнете она што се обидува да ви го каже без зборови.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Трамп: Донесов одлука за ракетите „Томахавк“ за Украина

Следно

Анализа на Костов: Изборни глобали и детали (1. дел)  

Latest from Blog

Димитровски: Истите што блокираа проекти сега зборуваат дека ја сакаат Битола

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, упати критика кон, како што вели, оние кои со години ги блокирале проектите за развој на градот, истакнувајќи дека актуелната локална власт посветено работи за да

Овие 2 знака ќе се збогатат или ќе освојат премија – и тоа веќе до ноември

Во морето од дневни астролошки прогнози, рускиот астролог Павел Глоба се издвојува по својата прецизност и смели тврдења. Овој пат, неговата најнова анализа предизвика бура меѓу љубителите на хороскопот: тој тврди дека

Трамп: Донесов одлука за ракетите „Томахавк“ за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со долг дострел на земјите-членки на НАТО, за потоа тие да бидат испорачани во Украина. Украинските власти тврдат
Go toTop