Пешевски: На добар пат сме, ќе продолжиме да се бориме и да ја радуваме публиката

January 19, 2025
1 min read

Ракометниот репрезентативец, Жарко Пешевски по денешната победа против Гвинеја истакна дека натпреварот не бил рутински и лесен, но најважно е дека ја израдувале македонската јавност.

-Одигравме потешко од очекуваното, но искуството и квалитетот си го направија своето. Заслужено победивме, изјави Пешевски по натпреварот.

Во однос на натпреварите во втората фаза од Мундијалот каде Македонија ќе се сретне со Франција, Австрија и Катар, Пешевски истакна дека тие се одлични противници.

-Овие екипи бараат голема подготвеност пред се. На добар пат сме, ќе продолжиме да се бориме и да ја радуваме публиката, нагласи македонскиот репрезентативец.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Магла во Штип, Страцин и на патниот правец Тетово – Гајре

Следно

ТРАГЕДИЈА: Малолетни момче и девојче пронајдени починати во гаража

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop