Пешевска: Рамноправноста меѓу жените и мажите мора да стане составен дел од секоја политичка одлука

November 14, 2025
1 min read

Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, заменик-генералниот секретар на Собранието, Бобан Стојаноски и собраниската служба на 12 и 13 ноември 2025 година учествуваа на дводневна работилница за „Унапредување на родовата сензитивност во Собранието на Република Северна Македонија“, организирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со ОДИХР.

Поздравно онлајн обраќање на настанот имаа Теа Јалиашвили, прв заменик-директор, Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР), Жаклина Пешевска ,претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, д-р Сузан Е.Пенкса, заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Сања Николин, проектен офицер во ОДИХР.

Во своето обраќање Пешевска истакна: „Чест ми е што учествувам на оваа работилница посветена на унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите во процесот на подготовка и донесување закони во Собранието. Оваа активност, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДХИР, претставува значаен чекор кон градење поинклузивни политики и законски решенија кои ја одразуваат реалноста и потребите на сите граѓани.

Како претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, искрено верувам дека рамноправноста меѓу жените и мажите мора да стане составен дел од секоја политичка одлука. Нашата цел е да создадеме законодавни рамки што го почитуваат принципот на еднаквост, ја промовираат правичноста и овозможуваат еднакво учество и видливост на жените и мажите во сите општествени процеси. Жените не се статистика, тие се двигатели на промените, носители на визија и глас што мора да бидат слушнати.

Се заблагодарувам на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР за поддршката и континуираниот ангажман во оваа област. Уверена сум дека преку заедничка работа, размена на искуства и унапредување на практиките, ќе придонесеме кон унапредување на рамноправноста меѓу мажите и жените“.

Работилницата беше посветена на оценка на спроведувањето од првата година на Акцискиот план на Собранието за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите 2025-2027 година , како и обезбедување подлабоко разбирање за тоа како рамноправноста меѓу жените и мажите може да се интегрира во сите етапи на законодавниот процес – од иницирање, преку изработка, до усвојување на законите.

Преку практични примери, дискусии и алатки подготвени од експертите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР, учесниците имаа можност да ги унапредат своите знаења и вештини за препознавање и оценка на влијанието на законите врз различни групи граѓани.

Работилницата имаше за цел и да ја поттикне меѓуинституционалната соработка, да ги охрабри членовите на работните тела во Собранието активно да ја застапуваат еднаквоста и да овозможи креирање поефективни механизми кои ќе гарантираат дека законодавството навистина ги одразува принципите на инклузивност и еднакви можности за сите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Амбасадорите Дрекслер и Ле Риголер во официјална посета на Општина Битола

Следно

РАКЕТАТА „ЊУ ГЛЕН“ УСПЕШНО ПОЛЕТА КОН МАРС Спектакл на небото и воодушевување во компанијата „Блу ориџин“ на Безос

Latest from Blog

Американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхен повика на обнова на трансатлантското партнерство

Пленарна сала со светски лидери кои воздивнаа од олеснување – вака претседавачот на Минхенската безбедносна конференција го оцени говорот на американскиот државен секретар Марко Рубио кој порача дека САД и Европа припаѓаат

Исплатени скоро 480 милиони денари субвенции за лозарите, следуваат 200 милиони за овоштарите следната недела

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, истакна дека веднаш по усвојувањето на Програмата, традиционално пред празникот Свети Трифун, во текот на вчерашниот ден се реализирани исплатите на лозарите. „Исплатени се

Инспирирани од историјата: Еве зошто Барса верува дека може до пресврт против Атлетико Мадрид!

ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/ Соблекувалната на Барселона е целосно уверена во своите шанси за познат кам-бек. Играчите веруваат дека можат да го надминат дефицитот од четири гола што им го нанесе Атлетико Мадрид во првиот

Меџити: Чаир добива четирилентен булевар со зелени појаси и велосипедски патеки

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргјиевски, денес беа на терен за да го најават почетокот на реализацијата на булеварот „Митхат Фрашери“ во Чаир. Проектот
Go toTop