Пешевска: Работиме на поставување на жената на позицијата што ја заслужува во семејството и општеството

February 21, 2025
1 min read

Во склоп на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC), која се одржува во Мериленд денес до сабота, имав можност да ја запознаам и да разговарам со Кимберли Флечер, основачка и претседателка на невладината организација “Мајки за Америка”, објави Жаклина Пешевска, пратеник во Собранието на РМ и Претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

-Се согласивме дека и двете работиме на поставување на жената на позицијата што ја заслужува во семејството и општеството; дека жените имаат предиспозиции и вештини да се грижат за семејството и да се стремат кон високи лидерски позиции во општеството и бизнисот – со цел да го направиме светот подобро место за живеење за нашите деца, потенцира Пешевска.

Пријатниот разговор го завршивме со желба за понатамошна соработка и со покана за г-ѓа Флечер да ја посети Македонија, додаде таа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Просечната нето-плата во декември 43 587 денари

Следно

МАН: Сашо Орданоски ја фрли Македонија во ризик и сомневање пред стратешкиот партнер САД

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop