Пешевска: Бевме сведоци како се бираа уставни судии, партиски полтрони, јавни обвинители, резултатите од таквиот начин на избор ги гледаме сега

February 7, 2025
1 min read

За реформите во судството ние седум-осум години во Собранието апелиравме многу како пратеници. Јас во тие два мандати учествував во работата на Собранието интензивно и апелиравме и во однос на изборот на судии и во однос на оној Закон за Академија на судии и јавни обвинители којшто се носеше по скратени постапки, буквално на сила изгласани дневни редови и многу закони донесени со европско знаме и така натаму, изјави пратеничката истовремено и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска во вчерашната емисија „24 Анализа“ на Телевизија 24 во текот на која се осврна на повеќе политички и актуелни случувања и теми.

Пешевска во овој контекст, го истакна фактот дека довербата на граѓаните во судството изнесува само 2% односно огромна недоверба во истото од 98% како и над 50% неажурност на судовите за што сведочат самите извештаи.

„Како Влада сегашна, а претходно во изборната програма ние тоа го ветувавме дека треба реформи во судството без притоа да ние се мешаме. Ако ние сме потегнале да ги разрешиме сега, затоа што таму се именуваат, во Собранието се именуваат, таму би биле логично разрешени, тоа не значи никако дека извршната власт ќе се меша во изборот на Судскиот Совет. Затоа што дефинитивно и ние бевме застапници на таа теза дека извршната власт без разлика, па и законодавната сме вмешани процедурално, но треба политичарите да ги тргнат рацете дефинитивно од судската власт“, концизна е Пешевска.

Според неа се она што се случува во изминатиов период, особено во последниве неколку дена е всушност резултат и сведочи токму за таквата вмешаност на политичарите и некоректноста на сите чинители.

„Бевме сведоци како се бираа уставни судии, бевме сведоци како се бираа јавни обвинители, партиски полтрони, после седум, осум години уништување на се што можеше, па колку неуставни закони се донесоа, колку го осквернавивте вие Уставот, колку национални порази вие предизвикавте во државата. Штетите што вие ги направивте некои се непоправливи и неповратливи за тие работи што вие ги предизвикавте треба да имате доблест“ јасно потсети Пешевска обраќајќи се до нејзината соговорничка од опозициската СДСМ во рамките на дебатата.

Пешевска цени дека опозицијата треба да има минимум достоинство, да се исправа пред јавноста и да се извини пред македонските граѓани кои беа манипулирани од нивна страна.

„Вие се најавувавте како реформска влада, вие р од реформи не спроведовте. Најголем број протести пред судии ви се случуваа во време на вашето владеење, тоа покажува како вие сте ги тргнале рацете од судската власт. Зошто ако вие толку сте ги тргнале рацете од судската власт судството заврши како „трас-трас“судство и Луи Витон обвинителство? Па ние гледавме снимки со торбите пари каде се носеле“, вели Пешевска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Аеродром: Учениците вратени на настава по утринските дојави за бомби, повикуваме на смиреност

Следно

Нетанјаху: Палестинците да основаат своја држава во Саудиска Арабија

Latest from Blog

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за
Go toTop