Пеш одат по неколку километри за да одржат настава – одбележан Денот на наставнците Албанци

March 7, 2024
1 min read

„За мене работата почнува во 5.30 до 15.00 кога ќе се вратам дома е заморно, но некако се снаоѓаме“…

Вака ја започнува својата приказна учителката од Сарај, Семине Селами, која 17 години предава во селата . Вели дека никогаш не се откажала од оваа задача и покрај тешкотиите со кои се соочува да стигне до училиштата во планинските села.

„Размислував да се откажам, но кога ми текнува на учениците, добивам сила да дојдам на работа. Од Сарај патувам до транспортниот центар, па со 67-ца доаѓам овде во Зелениково, па  колегите ме чекаат да идеме заедно на работа до селото Вржале.. Зимно време, кога патот е непрооден одиме и пешки и се враќаме пешки со колегите за децата да имаат настава“, вели Семине.

Покрај тешкотиите на патот, наставничката Селами рече дека честопати се соочувале и со недостаток на услови за учење, особено кога станува збор за имплементација на новиот наставен концепт.

„Како што можете да видите ја имаме само оваа зелена табла. Во училиштето нема ТВ, електронска табла, компјутер. Дали го пополнувате електронскиот дневник? Да, го пополнувам. Каде го пополнувате? Бидејќи тука нема интернет, дома завршувам“, додава Семине.

7 Март, денот на наставниците и образованието на албански, годинава беше одбележан без соодветни опрема за настава во училиштата, без спроведување на реформите, без учебници. Наставниците се особено револтирани и поради непотпишување на новиот колективен договор со кој освен усогласувањето на платите, се регулираа и трошоците за превоз на наставниците кои работат на оддалеченост повеќе од 2,5 километри  од нивното место на живеење, а кои сега се на нивен трошок.

Мелихате Рустеми

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„БОЛКАТА Е ГОЛЕМА МАЈКО, СОЛЗИТЕ ТЕЧАТ“: Се огласи ќерката на македонската пејачка Атина Апостолова која денеска изненадно почина (ФОТО)

Следно

Мисовски за ТВ 24: Ние со Стево Пендаровски ќе победиме во првиот круг, Пендаровски повторно ќе биде претседател

Latest from Blog

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“. „Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка, со кој се предлага продолжување на рокот на важност
Go toTop