Перински: По четири децении, пациентите и персоналот во Отешево добија современи услови за третман и работа

August 21, 2024
1 min read

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска го посети Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични и алергиски заболувања – Отешево, во кој за првпат од постоењето се презедоа мерки за подобрување на условите за третман на пациентите и за работа на медицинскиот персонал, благодарение на инвестицијата на Министерството и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Објектот веќе работи со полн капацитет, реконструиран е кровот, 18 соби, делот за приемна дневна терапија, лабораторија за спирометрија, набавен е сет од дигитална апаратура за физикална терапија, извршена е реконструкција и на тоалетите.

„Лично се уверив, дека првпат, после четири децении, пациентите конечно имаат соодветни услови за престој, а персоналот за непречено извршување на тековните обврски. Сега пациентите не треба да стравуваат дека во собите ќе им прокиснува и при ситен дожд. Овозможен им е и интернет пристап, а купена е и ставена во функција опрема со која се дигитализирани и олеснети услугите за пациентите. Особено ме радува што денеска сведочам за соодветните стандарди кои треба да ги нуди оваа специјализирана институција, единствена од тој тип во државава,“ истакна министерот Перински, кој го посети Заводот заедно со директорот, д-р Благоја Китановски и директорот на Центар за развој на Пелагониски плански регион, Јосиф Балтов.

Сите беа согласни дека, според својата функционалност и начин на делување во своето подрачје, Заводот нема само регионално, туку и национално значење, затоа што во него доаѓаат пациенти од целата држава, но и од регионот.

„Болницата е и воздушна бања која помага и во пост КОВИД рехабилитација, што е од особено значење ако се има предвид големиот број на граѓани со последици од пандемијата,“ посочи Китановски, кој истакна дека пациентите решението за своите здравствени проблеми го наоѓаат во оваа установа, не само поради специјализираноста, туку и поради местоположбата.

„Самиот преспански микрорегион е туристичка атракција како за домашни, така и за странски туристи, притоа зголемувајќи ја атрактивноста на цел пелагониски регион. Сето ова е предуслов за развој и на здравствениот туризам,“ посочи Јосиф Балтов, директорот на Центар за развој на Пелагонискиот плански регион.

„Сега, кога установата ги поседува соодветните стандарди во секој поглед, а и локациските фактори се во наш прилог, верувам дека со понатамошна заедничка соработка ќе придонесеме и за развој на здравствениот туризам. Имаме услови, имаме визија, верувам во позитивни резултати,“ додаде Перински.

Установата постои повеќе од 42 години и на пациентите им овозможува физикален третман, кинезитерапија, вежби за дишење, дренажи, кондициски вежби, инхалации и други методи според највисоките светски стандарди. Сите овие третмани, до пред реализацијата на проектот, се изведуваа во отежнати услови поради немање соодветна опрема и инфраструктура.

Осовременувањето на установата чинеше 23.483.676 денари, Министерството партиципираше со 13.203.086 денари, а 10.280.590 денари обезбеди Швајцарската агенција за развој и соработка.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денешниот ден најсвеж во Грција во последните 46 дена

Следно

ФОТО: Одбраната на Синер „падна во вода“: Контроверзниот американски новинар го разоткри Италијанецот, објави фотографии кои ја докажуваат измамата

Latest from Blog

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на
Go toTop