Перински: Партнерството со Унгарија ќе придонесе за унапредување на општинскиот развој

March 3, 2025
1 min read

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, во рамките на дводневната посета на унгарско-македонскиот владин самит што се одржува во Будимпешта, денеска оствари билатерална средба со Тибор Наврачич, министер за јавна администрација и регионален развој на Унгарија.

На средбата, информираат од Министерството за локална самоуправа, двајцата министри разговараа за регионалниот развој, одржливоста на системите за локално управување, децентрализацијата и територијалната организација на двете земји, а споделија и разменија искуства и практики во интерес на подобрување на начините на функционирање на локалната самоуправа на двете земји.

Споделени беа и искуства за начинот и организацијата на унгарското министерство во делот на механизмите кои ги користи во насока на регионалниот развој, дигитализацијата на локалните услуги и зајакнувањето на општинските капацитети.

-Досегашната соработка и поддршка од нашите унгарски пријатели е исклучително важна за нашата држава. Унгарија е долгогодишен пријател и партнер во нашите реформи и со задоволство ја споделуваме нивната успешна практика во области кои се од големо значење за нашата локална самоуправа и регионален развој. Оваа средба е уште еден доказ за силната и континуирана поддршка која ја добиваме од Унгарија, а истовремено отвора нови можности за продлабочување на соработката помеѓу нашите земји, изјавил Перински по средбата.

На средбата станало збор и за можноста за зајакнување на соработката на полето на вмрежување на нашите локални заедници во рамките на програмите на ЕУ, што би придонело за поттикнување на иновациите и најдобрите практики на локално ниво.

-Споделените искуства се од особена важност за подобрување на капацитетите на локалната администрација и регионалниот развој во нашата земја, а интензивирањето на соработката е важен чекор во зајакнувањето на нашето партнерство со Унгарија како и во насока на остварување на европските амбиции на земјата, додал Перински.

Тој на средбата го информирал министерот Наврачич за досегашниот тек на проектот за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти, една од најзначајните мерки на нашата Влада за унапредување на општинскиот развој, која се реализира со средства обезбедени од унгарскиот кредит.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Нема да има локални избори, ако продолжи ваквата политика кон Албанците

Следно

Поповски во 24 анализа: Усогласувањето на минималната плата е еднаш годишно, просечната плата расте постојан

Latest from Blog

Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?

Исто така, го поставува прашањето зошто Западот не прави повеќе за да ги поддржи своите саудиски сојузници, објави британски Телеграф во авторски коментар. Нападите на Хутите се закануваат да предизвикаат уште поголеми

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос
Go toTop