Перински: Отповикувањето на градоначалник би требало да биде преку референдумско изјаснување

October 18, 2024
1 min read

Отповикувањето на градоначалниците што нема да ја извршуваат својата функција за која се избрани од страна на граѓаните би требало да биде преку референдумско изјаснување, открива во интервју за МИА министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Отповикувањето на градоначалник е една од новините што треба да бидат дел од законското решение за локална самоуправа кое се предвидува да биде готово до март, а за кое дотогаш ќе се отвори широк консултативен процес во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни – експерти, градоначалници, претседатели на совети, граѓани сектор.

– Во суштина, отповикот на градоначалник врз основа на примерите кои пред да започне процесот ги разговаравме со експертскиот тим, би требало да биде преку референдумско изјаснување на оние кои истиот градоначалник го довеле на таа позиција на која што е. Мора да бидеме многу внимателни и сите измени да ги интегрираме согласно Уставот за да немаме после тоа проблеми и аномалии во донесувањето на истото законско решение. Значи навистина ќе се внимава на секој момент и затоа мислиме дека е најсоодветно оваа промена или оваа адаптација на законот да оди преку референдумско изјаснување на граѓаните од таа општина, во која што треба да се јави оваа можност во иднина, вели Перински.

Денеска е одржан и првиот иницијален состанок со експертскиот тим, кој во првата фаза треба да ги увиди слабостите на постојното законско решение преку детална анализа.

Главната интенција за можноста за отповикување на градоначалник, како што посочува Перински, произлегла од секојдната комуникација со граѓаните.

Новина во законот треба да биде и комуналната полиција за која министерот вели дека ќе им заштеди средства во буџетите на општините затоа што ќе се спречи девијантното однесување на поединци и нема да има потреба од дополнителни финансиски средства за санација на уништената урбана опрема.

Целото интервју со видео материјал ќе биде објавено утре. Во него министерот говори и за тоа зошто дел од општините не добија пари за инфраструктурни проекти, каков е неговиот став за финансирањето на здружението на граѓани – Албанска академија на науките и ументостите и дали ќе се кандидира за градоначалник на следните локални избори.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитров во „Дејли Клик“: Имавме бурни дебати со Заев и Бујар за нашите црвени линии

Следно

Претстојните претседателски избори во САД достигнуваат рекордна потрошувачка и ќе станат најскапи во историјата

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop