Перез издвоил 150 милиони евра за најскапиот трансфер на Реал на сите времиња

October 6, 2025
1 min read

Реал Мадрид изгледа доста добро откако Чави Алонсо е тука, но многумина сугерираат дека кралскиот клуб има некои сериозни проблеми во средниот ред и дека нешто треба да се промени таму.

Секако, не е лесно да се заменат Тони Крос и Лука Модриќ, па Флорентино Перез е во вистински проблеми. Сепак, се чини дека е подготвен конечно да го реши горливото прашање со издвојување на дури 150 милиони евра.

Целта на Флорентино Перез ова лето беше Родри, освојувач на Златната топка во 2024 година, за кого претседателот на „кралевите“ е подготвен да понуди 100 милиони евра.

„Граѓаните“ не прифатија, но работите би можеле да се променат следното лето. Според шпанскиот весник Мундо Депортиво, кој се повикува на Мадрид Универзал, Реал Мадрид повторно ќе се обиде да го доведе 29-годишниот играч од средниот ред на крајот од оваа сезона.

Перез е подготвен да инкасира до 150 милиони евра, сума што би станала речиси неодолива, со оглед на тоа што Родри ќе наполни 30 години на крајот од сезоната.

Бидејќи местото на Пеп Гвардиола на клупата на „Граѓаните“ ќе биде разнишано ако повторно ја пропушти титулата, шансите Родри да замине со него би биле големи. Доколку Родри отидеше во Реал Мадрид за оваа сума, тој би станал најскапиот играч во историјата на Реал Мадрид, надминувајќи го Џуд Белингам, кој беше купен за 127 милиони евра.

На врвот на најголемите трансфери на Реал е Еден Азар, кој беше купен од Челзи за околу 115 милиони евра.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел и Хамас започнаа преговори во Египет

Следно

Убиен судија во Тирана – ЗАСТРЕЛАН ВО СРЦЕ ДОДЕКА ЈА ИЗРЕКУВАЛ ПРЕСУДАТА

Latest from Blog

БОЖИНОВСКА: MES Racing е пример за успешна практична едукација

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини оствари работна средба со студентите инженери од проектот „Македонска Формула“. Тимот MES Racing – првиот и единствен македонски Formula Student тим, кој успешно ја претставува

Куќата на „Принцот од Бел-Ер“ оди на продажба

 Имено, извор за списанието „Пипл“ (People) изјави дека легендарното здание во Лос Анџелес, користено за снимањето на американската хумористична ТВ-серија, ќе биде ставено на продажба првпат по 1978 година. Иако приказната се

„ЗЕТ“ генерацијата сè помалку готви – времето и уморот главни виновници

Сè повеќе млади од „ЗЕТ“ генерацијата престануваат да готват и нарачуваат храна или купуваат готови оброци од супермаркет, покажува истражувањето на компанијата за производство и продажба на готова и здрава храна, Мерчант

НИКОЛОСКИ НАЈАВИ НОВА АВИОЛИНИЈА: Од март директен лет Охрид – Братислава

Од март оваа година ќе започне новата авиолинија Охрид – Братислава, која ќе се реализира преку авиокомпанијата „Визер“. Новата линија ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу Република Македонија и Република Словачка, како
Go toTop