Пеп Гвардиола останува во Сити, но под еден услов?

November 17, 2024
1 min read

Шпанскиот фудбалски стратег Пеп Гвардиола е повеќе од осум години на клупата на Манчестер Сити, со кој успеа да освои сè што можеше да се освои на клупски план, поради што во последно време се повеќе се шпекулира дека му е преку глава од работата во синиот дел на Манчестер.

Гвардиола конечно донел одлука околу својата иднина, а англиските медиуми денес пишуваат дека тој ќе остане во Манчестер Сити.

Се појави информација дека Гвардиола им рекол на челниците на Сити дека ќе остане, но дека нема да го потпише договорот што неодамна му го понудиле.

Сити на Гвардиола му понудил повеќегодишен договор со уште поголема плата, но Гвардиола одбил и рекол дека ќе потпише продолжување на соработката под еден услов, а тоа е договорот за англискиот клуб да го обврзува до летото 2026 година.

Тоа значи дека Пеп одлучил и следната сезона да остане во Манчестер Сити, а потоа да го напушти „Итихад“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бродот кој удри во гребен во Хрватска, денеска потона во морето

Следно

Мицкоски на средба со претставниците на Македонската банкарска асоцијација

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop