Пентагон: „Вагнер во суштина е готов“

September 1, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер, изјави дека смртта на Јевгениј Пригожин, основачот на Вагнер, во суштина е крај на групата, известува Анадолу.

Новинарите на редовниот брифинг, потсетувајќи на обвинувањата изнесени минатата година дека Северна Кореја ѝ продала оружје на групата Вагнер, го запрашаа Рајдер дали верува дека зделката за оружје меѓу Северна Кореја и Вагнер е готова.

Рајдер, потсетувајќи на смртта на основачот на Вагнер, Јевгениј Пригожин, рече: „Тука се работи за тоа дека групата Вагнер во суштина е готова. Затоа, можам да кажам дека преговори нема.“

Зборувајќи дека Вагнер некое време бил највлијателен фактор на теренот во руско-украинската војна, Рајдер додаде: „Русија се обидува да купи муниција и оружје од тиранските режими, како што се Иран и Северна Кореја.“

Рајдер го повтори повикот до Северна Кореја да не ѝ продава оружје на Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Учениците се вратија во школските клупи, годинава првпат ќе имаат и пролетен распуст

Следно

Учениците се враќаат на настава, во оваа учебна година првпат ќе имаат и пролетен распуст

Latest from Blog

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,

Божиновска: Зелената транзиција клучна за иднината на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со делегација на Светска банка, предводена од Xiaoqing Yu, на која беа разгледани клучните енергетски проекти во државата. Како што
Go toTop