Пентагон: САД не бараат конфликт со Иран

April 14, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Шефот на американската одбрана Лојд Остин го осуди синоќешниот воздушен напад на Иран врз Израел и го повика Техеран да ја деескалира ситуацијата, јавува Анадолу.

„Ги осудуваме овие непромислени и напади без преседан на Иран и неговите застапници, и го повикуваме Иран веднаш да ги прекине сите понатамошни напади, вклучително и оние од неговите прокси сили, и да ги деескалира тензиите.

„Не бараме конфликт со Иран, но нема да се двоумиме да дејствуваме за да ги заштитиме нашите сили и да ја поддржиме одбраната на Израел“, се вели во соопштението на Остин.

Тој наведе дека американските сили пресретнале десетици проектили и беспилотни летала на пат кон Израел, лансирани од Иран, Ирак, Сирија и Јемен.

„Нашите сили се спремни да ги заштитат американските трупи и партнери во регионот, да обезбедат дополнителна поддршка за одбраната на Израел и да ја зајакнат регионалната стабилност“, рече тој.

Остин истакна дека ќе продолжи „внимателно“ да ја следи ситуацијата и да се консултира со сојузниците и партнерите.

Иран синоќа започна воздушен напад врз Израел како одмазда за воздушниот напад на 1 април врз иранската дипломатска зграда во сирискиот главен град Дамаск. Во нападот загинаа најмалку седум припадници на Корпусот на Иранската револуционерна гарда, меѓу кои двајца високи генерали.

Техеран го обвини Израел дека го извршил нападот и вети дека ќе одговори. Тел Авив официјално не ја презеде одговорноста за нападот, но со месеци наназад изврши неколку напади врз ирански цели низ Сирија.

Иран и Хезболах, неговиот главен сојузник во Либан, рекоа дека нападот нема да помине неказнето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Норвешка без Магнус Род на ОИ

Следно

Г7 попладнево ќе одржи состанок за нападите

Latest from Blog

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop