Пендаровски: Во прв круг гласовите ќе се поделат, во вториот очекувам победа

April 4, 2024
1 min read

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски очекува победа на претседателските избори. На првиот ден од кампањата тој во центарот на Скопје свечено го отвори промотивниот штаб. Тој истакна дека иако зад себе има петгодишен мандат и македонските граѓани многу добро знаат за што се залагал како претседател, рече дека сака со граѓаните да ги сподели своите ставови за актуелните прашања.

„Очекувам дека во првиот круг, бидејќи има многу кандидати како никогаш до сега во македонската историја, мислам дека само 1999-та имавме шест кандидати, а ова се најмногу во историјата, седум кандидати… гласовите ќе се поделат на повеќе страни и не очекувам дека некој има било каква шанса да добие во првиот круг, меѓутоа во вториот очекувам да влезам и да ги добијам изборите“, рече Пендаровски.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Епл работи на самоуправувачки уреди за домашна употреба

Следно

МОРНИЧАВ ДЕТАЉ: Мајката на Данка го видела, таткото го застанал возилото во кое го криеле нејзиното тело и ги прашал дали ја виделе, по одговорот е јасно дека се МОНСТРУМИ!

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop