Пендаровски и СДС се против националните интереси на Македонија, сервилноста, аматеризмот и „виткањето на кичма“ се единствената политика која ја познава СДС на меѓународен план

March 11, 2025
1 min read

Поранешниот претседател, Стево Пендаровски едвај дочека уште на првото појавување на интервју да ги поткопува позициите на Македонија во однос на надворешната политика. Пендаровски уште еднаш докажа дека СДС нема конзистентност во политиките. Пендаровски уште еднаш покажа дека „виткањето на кичма“ е единствената политика која ја познава СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пендаровски и аналитичарите од СДС ги поткопуваат позициите на државата на меѓународен план. СДС си го покажа вистинското лице и ставот дека се контра политиките на стратешкиот партнер на Македонија, САД.

Сервилноста и аматеризмот во надворешната политика која ја водеше Пендаровски и СДС ја доведе државата во незавидна позиција.

Кому му служат изјавите на Пендаровски?

Пендаровски со неговите изјави и пазарџиски политики, како и откривањето на разговори од средби со дипломати, само ги руши националните интереси и ги открива државните позиции, со што и прави штета на Македонија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, постојано ги унапредува и зајакнува односите со стратешките партнери на државата, стои во партиското соопштение.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на Азербејџан Алијев

Следно

Израелците кои ја узурпираа палестинската земја запалија палестински возила на Западниот Брег

Latest from Blog

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со
Go toTop