Пендаровски ги повикува сите кандидати за претседател на мастер дебата

March 21, 2024
1 min read

Конвенцијата со која ќе биде одбележан стартот на изборната кампања за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалициските партнери, и на која тој ќе ја претстави својата програма, ќе се одржи на 3 април. Кампањата на Пендаровски, како што информираа на денешниот брифинг за новинари од неговиот изборен штаб (ИШ), ќе биде пред се граѓанска, позитивна, европска и транспарентна, со почит кон сите кандидати за претседател. Пендаровски во текот на целата кампања ќе биде на терен со граѓани од различни целни групи, додаваат од неговиот ИШ.

„Претседателот Пендаровски ќе води европска и позитивна кампања. Не би било фер кон граѓаните да ја трошиме својата енергија на напади и навреди и ќе се обидеме да одолееме на истите кои би доаѓале од противничките табори. Пендаровски ќе организира ифтарска и велигденска вечер на која ќе бидат поканети сите кандидати, а како новина, предлагаме на почетокот и на крајот од кампањата во првиот круг да се одржи по една мастер дебата меѓу кандидатите и тоа на неутрален терен“, информираше Богданка Кузеска од ИШ на Пендаровски.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сите девојки утре пред да легнат треба да го направат ова – ноќта пред Тодорова сабота се остваруваат желбите!

Следно

Предизборно лепење руски етикети меѓу партиите

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop