Пелистер ја одбрани титулата

June 7, 2025
1 min read

Големата битка за титулата во плеј-офот заврши со победа на Пелистер кој славеше против Вардар со 30-32 (17-15). Во финишот беше вистинска драма, баш како што доликува за еден меч за пехарот. Битолчани подобро се снајдоа и дојдоа до деветтиот пехар, трет во низа. Борозан имаше осум гола, Срдановиќ седум, промаши клучен пенал за својот тим.

Кузмановски со седум гола беше прв стрелец кај победникот, каде Тајник, Пешевски и Хосни имаа по пет погодоци. На другата страна

Мечот почна со одбрана на Митревски и гол на Тајник за 0-1. Веднаш следеше израмнување на другата страна, Георгевски и Јагуринвски реализираа за 2-1. Борзаш во осмата минута го врати минималното водство на својот тим 3-4. Нешто подоцна Вардар 1961 со два гола во низа успеа да дојде на плус еден 7-6.

„Црвено-црните“ посериозниот чекор го направија во 19-та минута, со серија од 5-0, реализација на Борозан, Лазаревски, Срдановиќ, Петриќ и Николиќ поведоа со плус пет 15-10 во 23-та минута. Алонсо во меѓувреме повика тајм-аут, но истиот не вроди плод. Расположен беше и Еспиња, на другата страна Митревски почна влезе Брестовац, па пак се врати Митревски.

После пауза од нешто повеќе од пет минути, Пелистер тргна преку Пешевски, се надоврзаа Радивојевиќ и Кузмановски за 15-13 во 27. минута. Ова беше разликата со која и двата тима заминаа на одмор 17-15.

Борозан го отвори второто полувреме (18-15), Вардар не искористи две шанси да дојде на највисоките плус пет. Кузмановски од седум метри намали на 18-16. Нешто подоцна, битолчани се вратија на голема врата, одговорија со 3-0 за изедначување (19-19) после долго време. Борозан на стартот на 40-та минута со „бомба“ зголеми на 22-20. И ова не беше доволно за да одржат минимална позитива. Пелистер успеа да израмни на 23-23 на средината на второто полувреме.

Две грешки на Вардар, две нереализирани зицери на Георгиевски, Пелистер ги казни со два гол за 25-26 во 52 минута. Еспиња се врати на голот кога беше најмногу беше потребно, одбрани седмерец на Кузмановски при 26-26. Следеше по една одбрана на Митревски и Еспиња, Крсманчиќ реализираше од седум метри за 27-26 во 54. минута. Хосни израмни на 27-27, а Крсманчиќ не реализираше пенал, Митревски одбрани.

Драмата продолжи, се играше гол за гол, со тоа што Пелистер ја имаше предноста од еден гол. На минута и десет секунди до крајот при 29-30, Срдановиќ промаши пенал за израмнување. Кузмановски изнуди пенал, Манасков реализираше за 29-31. Лазаревски врати за 30-31, но немаше време за повеќе.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Закрепнување по трагедијата – трансплантација на кожа и PRP третман за ублажување на лузните

Следно

Сончево и многу топло – температурите до 38 степени

Latest from Blog

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и

Меџити: „Цветан Димов“ ќе стане современ булевар во општина Чаир

Оваа година се очекува да започнат работите на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, една од најпроблематичните сообраќајни артерии во Скопје, каде секојдневно се забележува хаос. Проектот доби зелено светло во Советот на
Go toTop