Печалбарите пристигнаа-169 пријави за возачи за само 6 часа во Тетово и Куманово

July 3, 2025
1 min read

Во акциска контрола на територијата на СВР Тетово и СВР Куманово санкционирани се 169 возачи од кои 17 за возење без возачка дозвола, 13 за управување возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, двајца возачи за управување возило со несоодветна категорија, соопшти МВР.

Секторот за  сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција во Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата акциската контрола на територијата на СВР Тетово и СВР Куманово ја спроведоа вчера во периодот од 16:00 до 22:00 часот. 

Како што ссоопшти МВР изречени се девет мерки за возачи кои управуваат моторно возило како возач почетник, односно со сила на мотор на возилото поголема од дозволената, 73 санкции за возачи на мотоцикл поради не користење на заштитна кацига, пет мерки за затемнети стакла без извршен А-тест, осум санкции за вршење јавен превоз на патници без лекарско уверение, одземени се два мотоцикли  по член 344 од ЗБСП… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес го погоди Санторини

Следно

Уапсено лице од Радовиш затоа што предизвикал пожар 

Latest from Blog

ИЗРАЕЛ ВЕЌЕ НЕМА ДА НАПАЃА ЕНЕРГЕТСКА ИНФРАСТРУКТУРА – ако Иран му се настрви на Катар, ќе се соочи со ПЕКОЛ од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел повеќе нема да извршува напади врз главните објекти за природен гас во Иран. Неговата изјава доаѓа во време на зголемени тензии и се чини дека
Go toTop