Пациентите се жалaт на недостиг на инсулин „ризодег“

February 3, 2024
1 min read

Секој почеток на месецот се претвора во ноќна мора за пациентите со шеќерна болест. Оние кои мора редовно да земаат инсулин се соочуваат со недостиг од типот „ризодег“. Во негово отсуство, ендокринолозите се принудени да им даваат заменски инсулин, но многу пациентите одбиваат да го земаат, бидејќи, како што велат, тој воопшто не им помага, па дури и предизвикува спротивен ефект.

“Ризодег немаме, ако сакате почекајте до понеделник. Ако има нешто резерва или да ви дадеме замена „НовоМикс. Имам уште една доза до понеделник. Да видиме што ќе испратат и дали ќе има нешто за месец февруари од Скопје. Нема да земам замена. Знам, но не зависи од нас. Јас користев замена, но нема ефект.

Во кумановската болница во првите два дена од февруари десетици пациенти се вратија без да го земат инсулинот „ризодег“. Не го сакаат заменскиот лек затоа што од него добивале алергија, ниту пак им го регулира правилно нивото на шеќер во крвта.

Од Здружението на заболени „Дијабетес“ велат дека е вознемирувачко некој да си игра со нивното здравје. Се сомневаат дека има злоупотреби на тендерите за инсулин бидејќи неговата замена е од друга европска земја и се купува по многу поевтина цена отколку ризодег. Диме Велев рече дека од понеделник ќе одат пред вратите на Министерството за здравство и Агенцијата за лекови МАЛМЕД.

Од Министерството за здравство велат дека фирмата-добавувач што го добила тендерот ги известила дека нема доволно количини на инсулин ризодег меѓу најмодерните произведени во скандинавските земји.

„Во однос на типот на инсулин за кого прашувате, има глобален недостиг. Во Северна Македонија се испорачува во мали количини, па препорачуваме пациентите да земат друг заменски инсулин. Пристигнатите количини се дистрибуирани во болниците“,  велат од Министерство за здравство.

Според официјалните податоци, на територијата на државата се дијагностицирани над 116.000 пациенти со дијабетес. Од нив околу 4.400 земаат инсулин./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ТОРТА СО ПЛАЗМА ЗА 20 МИНУТИ: Две совршени комбинации кои сите ги сакаат

Следно

Во американските напади на истокот на Сирија загинати повеќе цивили и војници

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop