Пациенти од пожарот во Кочани лекувани во Хрватска, Шведска и Италија денеска се враќаат во државава

April 9, 2025
1 min read

Четири од повредените лица во трагичниот пожар во Кочани денеска се враќаат во Македонија, соопшти Министерството за здравство.

Двајца пациенти биле лекувани во Хрватска, еден во Шведска, а еден во Италија. Во странските здравствени установи сѐ уште се лекуваат повеќе од 60 повредени, додека двајца пациенти се во критична состојба. Во македонските болници моментално се хоспитализирани седум пациенти.

Министерството за здравство информираше дека во тек е категоризација на пациентите според нивните потреби за рехабилитација, за да им се обезбеди соодветен понатамошен третман.

„Во странски здравствени установи се лекуваат 64 пациенти. Во земјата се хоспитализирани седум пациенти – четворица на Клиниката за хирургија ‘Св. Наум Охридски’, еден на Клиниката за токсикологија и двајца во приватната болница ‘Систина’“, соопшти Министерството за здравство.

Четири лица кои биле на лекување во Бугарија ќе се вратат денес од болницата „Пирогов“, каде што се лекувале. Во болницата во Софија се наоѓаат четири пациенти во стабилна, но тешка состојба, кои се под постојан надзор на интензивна нега.

Трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март, при што загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Десетици загинати откако се урна кров на ноќен клуб во Доминиканската Република

Следно

Предлог за притвор за двајцата осомничени поради примање поткуп од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop